Анаберг-Бухолц
| Анаберг-Бухолц | |
| Управа | |
| Земја | Германија |
|---|---|
| Покраина | Саксонија |
| Адм. подрач. | Хемниц |
| Округ | Рудни Планини |
| Градоначалник | Барбара Клепш (CDU) |
| Основни податоци | |
| Површина | 28 км2 |
| Надм. височина | 600 м |
| Население | 21.604 (31 декември 2011)[1] |
| - Густина | 772 жит/км2 |
| Други информации | |
| Часовен појас | CET/CEST (UTC+1/+2) |
| Рег. табл. | ERZ |
| Пошт. бр. | 09456 |
| Повик. бр. | 03733 |
| Портал | www.annaberg-buchholz.de |
| Местоположбата на градот Анаберг-Бухолц во рамките на округот Рудни Планини | |
| Координати | |
Анаберг-Бухолц (германски: Annaberg-Buchholz) е град во Саксонија, Германија, во Рудните Планини, главен град на округот Рудни Планини.
Градот се наоѓа во Рудните Планини, на страната на Пелберг (832 м надморска височина). Има три протестантски цркви, меѓу нив Света Ана, градена 1499-1525 (која е исто така најголема од ваков вид во Саксонија), римокатоличка црква, неколку јавни споменици, меѓу нив оној на Мартин Лутер, на познатиот математичар Адам Рис и на Барбара Утман. Анаберг е добро познат по неговиот историски стар град и главниот плоштад, една куќа на самиот плоштад го покажува грбот на семејството Апиан-Беневиц.
Анаберг, заедно со соседната заедница, Бухолц, е главно седиште на плетената и индустријата за тантела во Германија, воведена од Барбара Утман во 1561 и понатаму развиена од белгиските бегалци, кои дошле во областа од нивната држава откако биле протерани. Рударството, по кое градот порано бил познат, сега е целосно прекинато. Некогаш се ископувале калај, сребро и кобалт. Неколку рудници се обновени по падот на Берлинскиот ѕид во 1989 и може да се посетат од туристите. Анаберг има стручни училишта за тантела, трговија и земјоделство, како и неколку јавни училишта за момчиња и девојки.
Во 1945, двата града Анаберг и Бухолц се споиле во новиот град Анаберг-Бухолц.
Содржина |
Историја [уреди]
Подрачјето на градот било густо пошумено во горните Рудни Планини, кое било населено во 12-от и 13-от век од франкските фармери. Првите документирани спомнувања на Фронау, Гајерсдорф и Клајнрикерсвалде, кои се сите делови на денешниот град Анаберг-Бухолц биле во 1397.
Главни знаменитости [уреди]
Областа е позната туристичка дестинација и скијачки центар.
Рудните Планини се наведуваат како Божиќна земја; позната по нејзините специјални таленти, Божиќните пазари и резбаните скулптури.
Музеи [уреди]
- Музеј на Адам Риси Школа за сметководство во Анаберг (Rechenschule)
- Музеј за Рудните Планини и рудник за посетување Im Gößner
- Manufaktur der Träume
- Markus-Röhling-Stolln рудник овозможен за посетување кај Фронау
- Dorothea-Stolln рудник кај Кунерсдорф
Frohnauer Hammer [уреди]
Frohnauer Hammer е историски и потполно зачувана воденица во селото Фронау во рамките на општината. Во 1907 бил прогласен за технички споменик и оттогаш бил отворен за јавноста. Во прилог на воденицата, има и изложби на предмети од минатото и предмети од поранешниот сопственик на куќата (Hammerherrenhaus).
Редовни настани [уреди]
- Годишен главен настан во раното лето е најголемиот фолклорен фестивал во регионот, Annaberger Kät.
- Секои две години во август се одржува Опатискиот фестивал во руините на Опатијата Анаберг.
- Божиќниот пазар Анаберг е широко познат надвор од регионот и се затвора со најголемата парада на рударите во светот (Bergparade).
Меѓународни односи [уреди]
Анаберг-Бухолц е збратимен со:
Вајден (Горен Пфалц), Германија
Паиде, Естонија
Хомутов, Чешка
Галерија [уреди]
Наводи [уреди]
Оваа статија содржи текст од дело во јавна сопственост: „“. Енциклопедија Британика (XI). (1911). Cambridge University Press.
Надворешна страница [уреди]
| Заедничката Ризница има податотеки поврзани со: „Анаберг-Бухолц“ |
|
|||||||