Америка Ферера

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Америка Ферера

Ферера во април 2010
Роден(а) април 18 1984 (1984-04-18) (30 г.)
Лос Анџелес, Калифорнија, САД
Занимање Актерка
Активен период 2001 – сега

Америка Џорџина Ферера[1] (анг. America Georgina Ferrera; родена 18 април, 1984) е американска глумица, добитничка на наградите Еми, Златен глобус и SAG за најдобра телевизиска глумица во 2007 година, во улогата на Бети Суарез во серијата Грдата Бети. Таа исто така глумела и во филмовите Real Women Have Curves, Sisterhood of the Traveling Pants, Sisterhood of the Traveling Pants 2, и The Dry Land, а и накратко се појавила во филмот Lords of Dogtown (2005).

Ран живот[уреди]

Ферера, најмладото дете од шест (четири браќа и една сестра) е родена во Лос Анџелес, Калифорнија на 18 април, 1984 година. Нејзините родители имигрирале во САД од Хондурас во средината на 1970-те години.

Ферера е одгледана во Вудланд Хилс, Лос Анџелес, област во Лос Анџелес, каде што учела во Calabash Street Elementary School, George Ellery Hale Middle School и El Camino Real High School.[2] Кога Ферера имала седум години, ја добила првата мала улога во училишна продукција на Хамлет, а потоа кога имала десет години ја добила улогата на Артфул Доџер од Oliver!. Од тој момент таа знаела дека сака да биде актерка.

Ферера во 2006.


Наводи[уреди]

  1. Cindy Pearlman (3 август 2008). „Actress America Ferrera sticks to the message“. Reading Eagle. http://readingeagle.com/article.aspx?id=101295. конс. 12 јануари 2010. 
  2. Movies: Biography forAmerica Ferrera“, „The New York Times“.

Надворешни врски[уреди]