Амброзија (растение)
| Амброзија | |
|---|---|
| Научна класификација | |
| Царство: | Растенија |
| Колено: | Скриеносеменици |
| Класа: | Дикотиледони |
| Ред: | Asterales |
| Фамилија: | Asteraceae |
| Род: | Ambrosia |
| Биномен назив | |
| Ambrosia artemisiifolia L., 1753 |
|
Амброзија (лат. Ambrosia artemisiifolia) е род инвазивни плевели, едно од најпознатите и најопасните алергени растенија во светот.
Содржина |
Изглед [уреди]
Амброзијата е едногодишно растение со височина од 20 cm до 2 m. Коренот и е вретенест, стеблото исправено, разгрането, листовите имаат јајцевиден облик, посеани со влакненца, силно разгранети, со кратки всекувања.
Пресекот на стеблото е коцкест или тркалезен.
Машките цветови се бледожолти, цевчести, собрани во полутопчести, висечки, густи цветови во облик на класје, a женските се формираат во пазувите на горните цветови, под машките, во вид на поединечни цветови.
Плодот на амброзијата претставува семе со кое таа се размножува, а семето се шири со посредство на човекот и ветерот.
Штетност [уреди]
Поленот на амброзијата предизвикува алергија кај 10% од луѓето. Од сите поленски алергии, поленот на амброзијата е предизвикувач во 50 до 60% од случаите. Кај најчувствителните лица, 8-20 поленови зрна во 1 m3 воздух, можат да предизвикаат силни реакции, а само еднo растение амброзија произведува 1-8 милијарди поленови зрна.
Во поленот на амброзијата се констатирани 52 соединенија кои се алергогени, од кои 6 се посебно опасни. Алергиската реакција првенствено се појавува на горните дишни патишта. Отежнатото дишење и засилената секреција се основни облици на алергијата која може во некои ситуации да премине и во астматични напади. Се почесто во светот се бележат смртни случаи предизвикани од претерана алергиска реакција на амброзија.
Амброзијата не предизвикува реакција само кај луѓето, туку и кај животните.
Штетноста на амброзијата во земјоделството е голема бидејќи таа, благодарејќи на исклучително силниот коренов систем и бујната вегетативна маса, од земјиштето троши големи количини хранливи материи, предизвикувајќи негово осиромашување.
Историја [уреди]
Амброзијата не е европско растение. Донесена е од Америка на некој од прекоокеанските бродови кон крајот на 19. век и од тогаш полека и незадржливо се шири низ Европа. Во моментот ја има повеќе во Европа, отколку во Америка. Зрното на поленот ја задржува ртливоста и до 40 години.
Вегетација [уреди]
Амброзијата првенствено расте на неуредено и запуштено земјиште. Никнува од средината на април, а цвета во доцно лето и есен, од средината на јули до првите есенски мразеви. Најефикасен начин за уништување е корнењето од корен, но и негувањето ниски растенија влијае на запирањето на нејзиното распространување. Во случај на поголеми површини под амброзија, се применува и редовно косење до 5 cm над земјата, а само понекогаш и третман со тотални хербициди.[1] Ако не се коси ниско, израснува повторно во рок од 20 дена. Во природата не ја јаде ниту еден животински вид поради горчливиот вкус.