Амброзија (митологија)
Од Википедија, слободната енциклопедија
Амброзија (грчки: ἀμβροσία, ambrosia, “а“=не, “mbrotos“=смртен) е пијалок или храна што, според грчката митологија, ја користеле, боговите од Олимп.[1] Според легендите, боговите не се хранеле со обична храна што ја користеле луѓето, туку со амброзија, а наместо вино, пиеле нектар. Таквата исхрана им обезбедувала младост и бесмртност.
Според Хомер, амброзијата на боговите им ја носеле гулаби од далечниот Запад.