Амазон (река)
Од Википедија
| Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
| Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги достигне стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Реката Амазон која се наоѓа на Јужно Америчкиот континент е најголемата река во светот во однос на волумен, со количество на вода која течи поголемо од 8- те најголеми реки заедно. Амазон, која има најголем речен слив, се смета дека од прилика е една петтина од целосниот речен тек во светот. За време на влажната сезона Амазон е помеѓу 190 km и 210 km широка. Поради огромните димензии се нарекува и речно море. На ниедно место Амазон не се преминува со мостови, тоа е последица на огромните димензии, најмногу поради должината. Во суштина Амазон не е толку широка за да не може модерен мост да ја премости, но најголемиот дел од реката течи низ дождовната шума каде има многу малку патови и малку градчиња па нема реална потреба од премостување.
Додека Амазон е најголема река во светот во однос на повеќето мерки, моментално географската заедница смета дека е втора по должина, само за малку пократка од Нил. Дел од научниците од Бразил и Перу на ја прифаќаат оваа теорија.
[уреди] Базенот на Амазон
Базенот на Амазон е најголем базен, во светот, за истечни води покрива 40% од Јужна Америка, област од 6,915,000 километри квадратни. Водите во овој базен се собираат од 5 степени северна ладитуда до 20 степени јужна ладитуда. Најнедостапните извори се наогаат на внатрешното Андреан плато, чија локација е на многу кратко растојание од Пацификот.
Територијата покриена со вода од Амазон и нејзините притоки се зголемува за три пати во текот на една година. Во сушна сезона во просек 110,000 километри квадратни од земјена површина се покриени. Во дождлива сезона површината која се поплавува од Амазон достигнува до 350,000 километри квадратни.
Количината на вода која се излева од Амазон во Атланскиот Океан е огромна и достигнува до 300,000 метри кубни во секунда во дождовна сезона. Од вкупната количина на свежа вода која се влева во океаните, Амазон слева една петтина. Океанот во делот каде Амазон се слева има мноду помал соленитет се до 500 километри далечина во морето. Во овој дел од океанот вода за пиење може да се испумпа од океанот иако е многу далеку во недоглед.
[уреди] Поплавите на Амазон
Не сите притоки на Амазон се поплавуваат во исто време од годината. Многу гранки почнуваат да се поплавуваат во Ноември, а многу други надојдуваат дури до Јуни. Надојдувањето на Рио Негро започнува во Фебруари или Март, а се повлекува во Јуни. Мадиера надојдува и се поплавува два месеци порано од останатите делови на Амазон.
Просечната длабочина на реката, кога најинтензивно врни, изнеува 40 метри и просечната ширина може да достигни до 40 km. Главната река (која што просечно е широка 10 km) е пловна и за голрми океански парабродови се до Манаус, 1,500 km должина од сливот на реката. Помали океански бродови од 3,000 тони до 9,000 тони со пречник од 5.5 метри можат да пловат до Иквитос, Перу, тоа се 3,600 km од морето. Помали речни чамци можат да пловат и до 780 km од сливот се до Понго де Мансериче.