Амазон (држава)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Амазон
Знаме на Грб на
Знаме Грб


Положба на
Главен град Манаус
Најголем град Манаус
Службен јазик Португалски
 - Гувернатор Карлош Едуардо де Суза Брага
 - Вице Гувернатор Аомар Жозе Абдел Азиз
Површина  
 - Вкупно 1,570,745.680 km² ({{{површина поредок}}}.)
 - Вода (%) {{{вода}}}%
Население  
 - 2006 3,311,026 ({{{население поредок}}}.)
 - Густина 2.1/km² ({{{густина поредок}}}.)
БДП (ПКС) 2006 приб.
 - Вкупно R$ 39,166,000,000 ({{{БДП поредок}}}.)
 - По глава на жител R$ 11,829 ({{{БДП поредок по глава на жител}}}.)
ИЧР (2005) 0.780 ({{{ИЧР поредок}}}.) – среден
Валута
Часовен појас UTC
НДД [[]]
Повикувачки број +

Амазон (Amazonas) е држава во Бразил, лоцирана северно. Се граничи со (по насока на часовникот) Рораима, Пара, Мато Грошо, Рондонија, и Акре. Исто така се граничи и со Перу, Колумбија и Венецуела. Тоа ги вклучува департментот Амазони во Колумбија, како и Амазони (држава), Венецуела (не се граничи со перуанскиот регион Амазони). Главна одлика на Амазони е густата шума. Ова е најголемата бразилска држава по површина со 1.57 милиони квадратни километри. Престолнина е Манаус. Иако далеку од океанот, Манаус е пристаниште.

Географија[уреди]

Амазони е крстена по реката Амазон, и на оваа територија се наоѓа највисоката бразилска планина, Пико де Неблина, 2,994 метри над нивото на морето. Државата скоро целосно е покриена со Амазонска дождовна чума, околу 98%,[1] и е разделена на три дела визави:

  • igapos - перманентно наводнета земја;
  • varzeas - повисока од игапош, земјата е само под вода за време на врнежлива сезона;
  • ниска висорамнина - никогаш под вода.

Клима[уреди]

Во државава владее екваторска клима.

Историја[уреди]

Името "Amazonias" е дадено од шпанските истражувачи, кои се бореле со домородните жени воинки кои што биле именувани по воинствените жени од грчката митологија. Друга верзија е дека името Амазон доаѓа од домороден збор, amassunu, што значи "звуци на водите".

Она што денес е Амазон, е ставено под контрола 1494 со Договорот од Тордесилас, којшто фактички ја поделил земјината топка, без Европа, на шпански и поругалски дел.

Сао Себастиао, Црква.

Во почетокот, повеќето од Јужна Америка (освен мал дел од денешниот бразилски брег) бил под Шпанија. Но, Португалците ја контролирале територијата во практика. Шпанија официјално ја предала повеќето територија со Договорот од Мадрид (1750-та). Државата Амазони официјално е создадена од Дом Педро II во 1850-та.

Демографија[уреди]

Во 2007 населенито брои 3,351,000 со густина на населеност 2,1 ж./km².

  • Урбанизација: 77.6% (2006);
  • Прираст: 3.3% (1991-2000);
  • Домаќинства: 819,000 (2006).[2]

Структура: 2,489,000 Пардо (74.3%), 703,000 Бели (21.0%), 144,000 Црни (4.3%), 13,000 Азијати или Домородци (0.4%).[3]

Економија[уреди]

Amazonas Шопинг центар во Манауш.

Индустрискиот сектор зафаќа најголем дел од БДП, 69.9%, следен од секторот за услуги 26.5%, аграрот 3.6% (2004). Амазони извезува: мобилни телефони 48.7%, други електрични уреди 19.5%, мотоциклети 7.7% (2002).

Удел во бразилската економија: 1.6% (2005).

Статистика[уреди]

  • Возила: 351.536 (март, 2007);
  • Mобилни телефони: 1.4 милиони (април, 2007);
  • Телефони: 457.000 (април, 2007);
  • Градови: 143 (2007).[4]

Образование[уреди]

Португалскиот е официјален, но англискиот и шпанскиот се дел од официјалниот образовен систем.

Образовни институции[уреди]

  • Федерален Универзитет Амазони (UFAM);
  • Државен Универзитет на државата Амазони (UEA);

Инфраструктура[уреди]

Aеродроми[уреди]

Меѓународен аеродром Едуардо Гомеш - е како мал град во развој. Со 3,300 вработени.

Автопати[уреди]

BR-174, BR-210, BR-230, BR-307, BR-317, BR-319, BR-411, BR-413.

Поголеми градови[уреди]

Манаус, Итакоатјара, Манакапуру, Паринтинш, Тефее, Коари, Сао Габриел да Качоејра

Наводи[уреди]

Види[уреди]