Силк Роуд банка АД Скопје

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Алфа банка)

Силк Роуд банка — македонска универзална банка која спаѓа во групата на мали банки во Македонија. Алфа банка е дел од групацијата на грчката "Алфа банк", а управувачкиот пакет акции е во целосна сопственост на Алфа банк АЕ од Атина. Алфа банка има 17 експозитури, од кои 7 се наоѓаат во Скопје, а поседува и 25 банкомати. Централата на Алфа банка се наоѓа во Скопје. Алфа Банка низ целата територија на Република Македонија, од кои 12 се во Скопје.

Историја[уреди | уреди извор]

Алфа банка АД Скопје е формирана во 1993 година како една од првите приватни банки во земјата под името Кредитна банка АД - Скопје.

Во 2000 година Алфа банк АЕ Атина го откупила управувачкиот пакет на акции и станала доминантен акционер во Банката. Во 2002 година Алфа банк АЕ Атина го откупила и преостанатиот дел од акционерскиот капитал и со 100% од акциите станала единствен акционер во Алфа Банка АД - Скопје. Истата година банката го променила името од Кредитна банка АД - Скопје во Алфа банка АД - Скопје.

Во 2016 година, Алфа банка АД Скопје била продадена на Силк Роуд банка за 1,2 милиони евра[1].

Мисија[уреди | уреди извор]

Мисијата на банката е сигурност, профитабилност, ефикасност и постојано квалитативно и квантитативно унапредување на производите и услугите.

Административна структура[уреди | уреди извор]

Управен Одбор[уреди | уреди извор]

  1. Андреас А. Галатоулас, претседател на Управен одбор - Главен извршен директор
  2. Милена П. Перчинкова, член на Управен одбор - Генерален директор

Надзорен Одбор[уреди | уреди извор]

  1. Христос Јабанас, претседател на Надзорен одбор
  2. Лазарос Папагарифалу, член
  3. Јоана Анагностопулу, член
  4. Јоанис Монастириотис, член
  5. Душан Туџаров, независен член, генерален директор на Реплек АД - Скопје
  6. Константинос Дердемезис, независен член, регионален директор за југоисточна Европа на Цементарница Усје АД - Скопје

Организациска структура[уреди | уреди извор]

Алфа банка има вкупно 280 вработени. Алфа Банка АД Скопје како членка на голема меѓународна Групација, има политика на вработување на млади и амбициозни кадри, внимателно одбрани со цел исполнување на барањата и потребите на своите клиенти. Главните сектори во банката се:

  • Деловна единица за работа со население
  • Деловна единица за работа со корпорации и финансиски институции
  • Деловна единица за оператини работи и информатичка технологија.[2]

Групација Алфа банк[уреди | уреди извор]

Групацијата Алфа банк е една од водечките групи на финансискиот сектор во Грција, со силно присуство во грчкиот и меѓународните банкарски пазаре. Групата нуди широк спектар на висококвалитетни финансиски производи и услуги, вклучувајќи банкарството на мало, банкарство на мали и средни претпријатија и корпоративно банкарство, управување со средства и приватно банкарство, дистрибуцијата на осигурителни производи, инвестициско банкарство, брокерство и управување со недвижен имот.

Матичната компанија и главна банка на Групацијата е Алфа банка, која била основана во 1879 од страна на Џон Ф. Костопулос. Алфа банка, банката што инспирира доверба и претставува доследна референтна точка во грчкиот банкарски систем, е една од најголемите банки на приватниот сектор, со широка мрежа од над 1200 сервисни центри во Грција и е една со највисоките стапки на адекватност на капиталот во Европа.

Значајни понови пресвртници во долгиот и успешен тек на Групацијата се:

  • Стекнување на целиот акционерски капитал на Емпирики банк на 01.02.2013 година;
  • Успешна докапитализација на банката, на 31.05.2013 година, што резултираше со зачувување на приватниот карактер на Алфа банка;
  • Завршување на правното соединување со апсорпција на Емпирики банк на 28.06.2013 година и создавање на интегрирана Алфа Банка.[3]

Финансиски показатели[уреди | уреди извор]

Банката има овластување за вршење на платен промет со странство. Позначајни активности на банката се одобрување кредити, примање депозити, обавување платен промет во земјата и во странство и посредување при купопродажба на девизни средства. Банката нема вложувања во подружници и придружени претпријатија. Основните финансиски показатели на Алфа банка за 2013 година се:.[4]

  • Почетен капитал - МКД 1.236.600.000
  • Издадени акции - 10 305 обични акции со номинална вредност на една акција од 120 000,00 денари
  • Основен капитал - МКД 428 925 000
  • Дополнителен капитал 1 - МКД 196 800 000
  • Дополнителен капитал 2 - нема
  • Сопствени средства - МКД 625 725 000
  • Адекватност на капиталот - 16,92%
  • Потребен капитал за управување со ризиците:
кредитен ризик - МКД 230 326 000
валутен ризик - МКД 12 719 000
оперативен ризик - МКД 52 767 000
  • Изложеност на кредитен ризик - МКД 52 767 000
  • Загуба за финансиската 2012 година - МКД 492 860 000

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Силк Роуд Банка - SRB“. silkroadbank.com.mk. Посетено на 2018-09-18.
  2. Алфа банка АД Скопје - Систематизација[мртва врска]
  3. „Alpha Bank“. Архивирано од изворникот на 2013-12-26. Посетено на 2013-12-09.
  4. „Алфа банка АД Скопје“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2016-03-04. Посетено на 2014-01-30.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]