Алфа Ромео

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алфа Ромео
Претходник Società Anonima Italiana Darracq (SAID)
Oснована 24 јуни, 1910 во Милано, Италија
Седиште Торино, Италија[1]
Опслужувано
подрачје
Светско
Клучни личности Џон Елкан (претседател)
Харалд Џ. Вестер (извршен одбор)
Дејност Автомобилска
Производи Автомобили
Сопственик ФИАТ
Матично
претпријатие
Автомобилска групација ФИАТ
Портал AlfaRomeo.com

Алфа Ромео е познат италијански производител на автомобили кој се прославил низ историјата во авто-спортот.[2] Компанијата е основана на 24 јуни 1910 год. во Милано.[3] Во мотоспортот е присутна уште од 1911 година. Од 1932-1986-година е во сопственост на државата, во 1986 година. станала членка на групацијата Фијат. Во февруари 2007 година дошло до реорганизација на групацијата ФИАТ, и таа станува Алфа Ромео автомобили А.Д.[4]

Првобитната фирма подоцна била трансформирана во претпријатие со името САИД (Società Anonima Italiana Darracq). Била основана во 1906 година од францускиот државјанин Александар Дирак и група на италијански инвеститори. Со оглед на лошите резултати од продажбата на крајот од 1909 се формирала нова компанија под името А.Л.Ф.А (Anonima Lombarda Fabbrica Automobili). Првиот модел, 24hp ја здогледал светлината на денот во 1910 година, а бил дизајниран од страна на Џузепе Мероси и веднаш ја започнал својата „тркачка кариера“ на трката Тарга Флорио. Во 1915 година компанија ја превземал Никола Ромео, кој производствената цел и програма на фабриката ја наменил за потребите на војската. Во 1920 името на компанијата е сменето во Алфа Ромео, и под новото име бил правен нов модел на автомобили, Торпедо 20-30HP.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]