Алфа Кентаур

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Алфа Кентаури)
Прејди на: содржини, барај
Алфа Кентаур A[1]/B[2]
Position Alpha Cen.png
Положбата на ѕвездата Алфа Кентаур во рамките на соѕвездието Кентаур
Податоци од набљудување
Епоха J2000      Рамноденица J2000
Соѕвездие Кентаур
Ректасцензија 14h 39m 36,5/35,1s
Деклинација -60° 50' 02/13"
Привидна величина (V) -0,01/+1,34
Карактеристики
Спектрален тип G2 V/K1 V
U−B боен показател 0,24/0,64
B−V боен показател 0,65/0,85
Променлив тип -
Астрометрија
Радијална брзина (Rv) -21,6 км/с
Сопствено движење (μ) Рек.: -3678,19 млс/г
Дек.: 481,84 млс/г
Паралакса (π) 747,23 ± 1,17 млс
Оддалеченост 4,36 сг
(1,338 пс)
Апсолутна величина (MV) 4,38/5,71
Податоци
Маса 1,100/0,907 M
Полупречник 1,227/0,865 R
Сјајност 1,519/0,500 L
Температура 5.800/5.300 K
Металичност 130-230% од Сонцето
Ротација ?
Старост 5-6 × 109 години
Орбита
Придружник Алфа Кентаур B
Период (P) 79,24 г.
Голема полуоска (a) 17,59"
Ексцентрицитет (e) 0,516
Наклон (i) 79,24°
Должина (Ω) 204,87°
Перицентарска епоха (T) 1955,56
Други ознаки
Alp Cen, Rigil Kentaurus, Rigil Kent, Toliman, Bungula, Gl 559 A/B, HR 5459/5460, CP(D)-60°5483, HD 128620/128621, GCTP 3309.00, LHS 50/51, SAO 252838, FK5 538, HIP 71683/71681.

Алфа Кентаур(и) (α Cen/Centauri или Толиман) — најсјајната ѕвезда во соѕвездието Кентаур (Centaurus), кое е видливо од јануари до јули, а кулминира во текот на април и не е видливо од северната хемисфера на географски широчини поголеми од 30°.

Алфа Кентаур е најблиска ѕвезда до Земјата, после Сонцето.

Опис[уреди]

Големината и бојата на ѕвездите од тројниот систем на Алфа Кентаур во однос на Сонцето

Набљудувана со голо око како еден објект, Алфа Кентаур, означена како Алфа Кентаур A/B (α Cen A/B), всушност e двоен ѕвезден систем составен од поединечните ѕвезди наречени Алфа Кентаур А (α Cen А), со 110% од масата и 151,9% од сјајноста на нашето Сонце, и Алфа Кентаур B (α Cen B), со 90,7% од масата и 50,0% од сјајноста на Сонцето. Всушност, Алфа Кентаур е троен систем, чиј член е и Проксима Кентаур, најблиската ѕвезда до Сонцето.

Нивната просечна оддалеченост од Сонцето изнесува 1,34 парсек или 4,37 светлосни години[3] .

Иако е најблиска до Земјата, таа е трета според сјајноста со својата привидна магнитуда од -0.27, а се наоѓа на 4,3 светлосни години од Земјата. Координатите на Алфа Кентаур во сферниот небесен екваторски координатен систем се 14 часови и 36 минути (ректасцензија) и -60°38' (деклинација). Оваа ѕвезда ѝ припаѓа на спектралната класа G2, како и Сонцето.

Во системот се наоѓа и планетата Алфа Кентаур Bb која има Земјина големина слична на и претставува најблиската егзопланета до Земјата. Има маса од барем 113% од онаа на Земјата[4] и кружи околу Алфа Кентаур B во период од 3,236 дена.[5] Растојанието од планетата до ѕвездата изнесува 6 милиони километри,[4] 4% од растојанието од Земјата до Сонцето и десет пати поблиску од орбитата на Меркур. Површинската температура изнесува барем 1500 K (прибл. 1200 °C), што е преврело за човечки живот, но сепак можно за микроорганизми.[6]

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „LHS 50 -- Ѕвезда со големо сопствено движење“. Центар за астрономски податоци во Стразбур. http://simbad.u-strasbg.fr/simbad/sim-id?Ident=*%20alf%20Cen%20A. конс. 20 април 2011. 
  2. „LHS 51 -- Ѕвезда со големо сопствено движење“. Центар за астрономски податоци во Стразбур. http://simbad.u-strasbg.fr/simbad/sim-id?Ident=*%20alf%20Cen%20B. конс. 20 април 2011. 
  3. Söderhjelm, Staffan (1999). „Visual binary orbits and masses post Hipparcos“. „Astronomy and Astrophysics“ 341 (1): 121–40. 
  4. 4,0 4,1 Wall, Mike (16 октомври 2012). „Discovery! Earth-Size Alien Planet at Alpha Centauri Is Closest Ever Seen“. „Space.Com“. TechMediaNetwork. http://www.space.com/18089-earth-size-alien-planet-alpha-centauri.html. конс. 17 октомври 2012. 
  5. Dumusque, X.; Pepe, F.; Lovis, C.; Ségransan, D.; Sahlmann, J.; Benz, W.; Bouchy, F.; Mayor, M.; Queloz, D.; Santos, N.; Udry, S. (17 октомври 2012). „An Earth mass planet orbiting Alpha Centauri B“. „Nature490. doi:10.1038/nature11572. http://www.eso.org/public/archives/releases/sciencepapers/eso1241/eso1241a.pdf. конс. 17 октомври 2012. 
  6. "The exoplanet next door: Earth-sized world discovered in nearby α Centauri star system". Eric Hand, Nature, 1 октомври 2012. пров. 16 октомври 2012

Координати: Ѕвездена карта 14ч 39м 36.4951с, −60° 50′ 02.308″