Алкатраз

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Островот Алкатраз е сместен во заливот на Сан Франциско на 2,4 километри од брегот на Сан Франциско, Калифорнија, САД. Честопати именуван како „Карпата“, малиот остров бил опремен за светилник, воена тврдина, воен затвор и Сојузно биро за затворски казни, федерален затвор сè до 21 март 1963 година. Во ноември 1969 година, островот бил окупиран повеќе од 19 месеци од група Индијанци од Сан Франциско кои биле дел од бран на индијански активизам низ целата земја со јавни протести во текот на 1970–тите. Во 1972 година, Алкатраз прераснал во рекреативен простор и го добил називот на Народна историска знаменитост во 1986 година. Денес, опремата на островот ја користи службата на Националниот парк како дел од Националниот рекреативен простор „Голден Гејт“, отворен за обиколки. Посетителите можат да стигнат до островот со траект од Пристаништето 33, во близина на риболовното пристаниште во Сан Франциско. Во 2008 година, првиот хибриден траект започнал да го опслужува островот.

Историја[уреди]

Првиот Шпанец што го документирал островот бил Хуан Мануел де Ајала во 1775 година, кој направил карта на заливот на Сан Францискои го именувал како „Островот на пеликаните“ (La Isla de los Alcatraces) по шпанскиот архаизам alcatraz – пеликан, збор кој првобитно бил позајмен од арапскиот јазик al-qaṭrās што значи „морски орел“. Во август 1827 година, францускиот капетан Август Бернард Дјухо – Сили напишал: „Додека пловев покрај Островот на пеликаните, покриен со голем број на овие птици. Пиштол пукна над пердувестите легии принудувајќи ги да одлетаат кон еден голем облак како ураган. Калифорнискиот кафеав пеликан (Pelecanus occidentalis californicus) денес не е познато дали гради гнездо на островот. Дом е на напуштениот затвор, место на настариот светилник во употреба на западниот брег на САД , рани воени тврдини и на природни обележја како што се камени бари и колонии на морски птици (претежно западни галеби, корморани и бели чапји). Воена историја Најраниот сопственик забележан на Островот Алкатраз е Џулијан Вормен, кому му бил доделен од страна на Мексиканскиот гувернер Пијо Пико во јуни 1846 година под услов дека Воркмен ќе изгради светилник на тоа место. Кршталното име на Вилијам Воркмен е Џулијан Воркмен, косопственик ранчот „Ла Пуенте“ и личен пријател на Пијо Пико. Подоцна во 1846 година, дејствувајќи во својство на воен гувернер во Калифорнија, Џон Ц. Фремон, поборник за Манифестот на судбината и лидер на Беар Флег Рипаблик, го откупил островот од Франсес Темпл за 5000 долари за Владата на САД. Во 1850 година, Милард Филмор наредил Островот Алкатраз да се резервира специјално за воени цели, кои се базирале на придобивањето на САД на Калифорнија од Мексико по Мексиканско - Американската војна. Фремонт очекувал значаен надоместок за неговата иницијатива во купувањето и обезбедувањето на Островот Алкатраз за Владата на САД, но подоцна Владата на САД ја поништила продажбата и не му исплатила ништо на Фремонт. Фремонт и неговите наследници поднеле тужба за надоместувањето кое премногу се одложило, но неуспешните правни битки се развлекле се до 1890 – те. По придобивањето на Калифорнија од страна на САДкако резултат на Договорот од Гвадалупе Идалго, кој ставил крај на Американско – Мексиканската војна и почетокот на Калифорниската златна треска наредната година, Американската армија почнала да ја проучува погодноста на Островот Алкатраз за распоредување на крајбрежна стража со цел да го заштити пристапот до заливот на Сан Франциско. Во 1853 година, под надзор на Зилус Б. Тауер, американската воена служба на инжинери започнала со утврдување на островот, што траело се до 1858 годинна, завршувајќи со Тврдината Алкатраз. Првиот гарнизон на островот во кампот Алкатраз, кој броел 200 војници и 11 топови што пристигнале на крајот на таа година. Кога избувнала Американската граѓанска војна во 1861 година, на островот биле поставени 85 топови (чиј број се зголемил на 105 до 1866 година) во подземни зандани околу него, и покрај малобројноста на гарнизонот, само мал дел од оружјата можеле да се користат одеднаш. Во тоа време, исто така послужил како арсенал на Сан Франциско за складирање на огнени оружја, со цел да се спречи да паднат во рацете на Конфедеративните симпатизери. Алкатраз никогаш не го употребил оружјето офанзивно, иако за време на војната се користел за затворање на Конфедеративните симпатизери и пирати на западниот брег. Воен затвор Поради неговата надворешна изолација од студените, силните и опасните струи на водите во заливот на Сан Франциско., Алкатраз се користел за сместување на затвореници од Граѓанската војна уште од 1861 година. По војната во 1866 година, армијата одлучила дека утврдувањата и оружјата брзо излегле од употреба поради напредоците во воената технологија. Напори за модернизирање, вклучувајќи амбициозен план за срамнување со земја на островот и за градење на оклопни, подземни складишта и тунели, биле отпочнати помеѓу 1870 и 1876 година, но никогаш не биле завршени (т.н. „параден полигон“ на јужниот крај на островот го претставува опсегот на напорите за лакање). Армијата го пренасочила фокусот на плановите за Алкатраз од крајбрежна одбрана во притвор, задача за која што одлично одговарал поради неговата изолација. Во 1867 година, бил изграден затвор од тули (дотогаш затворениците биле чувани во подрумот на стражарницата), а во 1868 година, Алкатраз официјално бил назначен за установа за долготраен притвор на затвореници. Во 1870 – те, меѓу затворениците во Алкатраз имало некои Хопи северноамерикански Индијанци. Во 1898 година, Шпанско – американската војна го зголемила бројот на затвореници од 26 на преку 450. По земјотресот во Сан Франциско во 1906 година, цивилните затвореници биле префрлени во Алкатраз за да бидат посигурно затворени. На 21 март 1907 година, Алкатраз бил официјално именуван како Западно – американски воен затвор, подоцна во 1915 година, Пацифички оддел, Американска дисциплинарна касарна. Во 1909 година, изградбата почнала со огромниот бетонски блок на ќелии, посочен од Мајор Рубен Тарнер, кој што останал како доминантен белег на островот. Го завршиле во 1912 година. За да се смести новиот блок со ќелии, цитаделата и трикатна касарна биле демолирани се до првиот спрат, што, всушност, било подолу од приземје. Зградата била изградена во ископана дупка (создавајќи сув „ров“) за да си го подобри одбрамбениот потенцијал. Во тоа време, првиот спрат бил вклучен како подрум на новиот блок со ќелии, издигнувајќи ја популарната легенда за занданите долу во главниот блок на ќелии. Тврдината била деактивирана како воен затвор во октомври 1933 година и пренесена во Бирото за затвори. Во текот на Првата Светска војна, затворот држел совесни противници, како Филип Гроусер, кој напишал брошура за неговите искуства под наслов: „Ѓаволскиот остров на Вујко Сем“.

Историјата на затворот[уреди]

Федерален затвор[уреди]

Американската дисциплинарна касарна на Алкатраз била присвоена од американското Министерство за правда на 12 октомври 1933 година, а островот прераснал во Федерално биро за затвори, федерален затвор во август 1934 година. Алкатраз бил дизајниран за чување на затвореници кои постојано предизвикувале проблеми во други федерални затвори. За време на 29 – годишната употреба, затворот имал познати затвореници како: Ал Капоне, Роберт Френклин Страуд (Одгледувачот на птици од Алкатраз), Џорџ Кели – Митралез, Бампи Џонсон, Рафаел Кансел Миранда (член на порториканската Националистичка партија која ја нападна зградата на Конгресот во САД во 1954 година), Мики Коен, Артур Р. Бејркер – Доктор, Џејмс Балгер – Белец и Алвин Карпис – Морничав (што отслужил повеќе казни во Алкатраз од било кој друг затвореник). Обезбедувал и сместување за персоналот на Федералното биро и за нивните семејства.

Обиди за бегство[уреди]

Во текот на 29- годишната функционирање, затворот тврдел дека ниеден затвореник не успеал да побегне. Вкупно 36 затвореници направиле 14 обиди за бегство, двајца од нив се обиделе двапати, 23 биле фатени , шестмина биле застрелани и убиени додека се обидувале да побегнат, а торјца избегале и никогаш не биле пронајдени. Најжестокото се случило на 2 мај 1946 година, кога неуспешен обид за бегство на група од шест затвореници довел до Битката на Алкатраз. На 11 јуни 1962 година, Френк Морис, Џон Енглин и Клеренс Енглин го спровеле најкомплексното бегство некогаш испланирано. Позади ќелиите на затворениците во Блок Б (каде затворениците биле затворени) помошен ходник широк 0, 91 метар бил оставен без заштита. Затворениците го издлабале бетонот што бил оштетен од влага околу вентилацијата која водела до овој ходник, со употреба на алатки, како што е метална лажица залемена со сребро од монета (од 10 центи) и импровизирана електрична дупчалка од украден мотор на правосмукалка. Вревата била прикривана со свирење хармоника за време на музичкиот час, а напредувањето било прикривано со лажни ѕидови, кои во темните вдлабнатини на ќелиите, ги мамеле стражарите. Маршутата за бегството водела до вентилатор, зтворениците го отстраниле вентилаторот и моторот, заменувајќи ги со челична решетка и оставајќи доволно голем отвор за да можат затворениците да влезат. Кога украле абразивна жица од карборундум од затворската работилница, затворениците ги отстраниле нитните од сапун. Исто така, бегалците направиле чамец на пумпање од неколку украдени мантили за дожд за патот до копното. Тие избегале оставајќи ги лажните папијемаше (papier-mâché) во нивните ќелии, прилепени со украдена човечка коса од берберницата. Се смета дека затворениците навлегле во заливот на Сан Франциско во 10 часот навечер. Официјалната истрага на ФБИ била потпомогната од друг затвореник, Ален Вест кој бил дел од групата на бегалци , но бил оставен позади (лажниот ѕид на Вест продолжил да паѓа, па тој го прицврстил со цемент, кога браќата Енглин го забрзале распоредот, Вест очајно го гребел ѕидот, но, додека тој да излезе неговите ортаци веќе биле заминати). Предметите што им припаѓале на затворениците (вклучувајќи весла од шперплоча и делови од скеле ) биле пронајдени во близина Островот Ејнџел. Во официјалниот извештај за бегството стои дека затворениците се удавиле во ладните води на заливот додека се обидувале да стигнат до копното. Обидот бил тема на филмот „Бегството од Алкатраз“ од 1979 година, со сценарио на Ричард Тагл и во режија на Дон Сигл и во главните улоги Клинт Иствуд како Френк Морис, Џек Тајбо како Кларенс Енглин и Фред Ворд како Џон Енглин. Филмот имплицира дека тројцата успеале. Митбастерс го истражиле инцидентот завршувајќи со убедување дека тројцата го преживеале нивниот сложен обид за бегство. Бегството било истражувано на каналот на Нешнал Џиографик во 2011 година, во програма под наслов „Исчезнати од Алкатраз“. Според најновите неоткриени официјални податоци за кои се дискутирало во програмата, било пронајдено скеле на Островот Ејнџел со стапки кои воделе далеку од тоа место. Исто така имало и пријава за украдена кола во таа област истата вечер, која би можела да биде искористена од Морис и другите бегалци. Сепак, додека да се потврдатвовие факти, кои долго време биле прикривани од властите, наодите од понатамошните истражувања остануваат недовршени. Како резултат на тоа, американската канцеларија на Маршалот сеуште го истражува случајов, кој ќе остане отворен за сите тројца бегалци се до нивните 100 – ти родендени.

Исклучителни затвореници[уреди]

Роберт Страуд кој бил попознат во јавноста како „Одгледувачот на птици во Алкатраз“, бил префрлен во Алкатраз во 1942 година. Тој поминал седумнаесет години во самица во Блок Д, што му овозможило самотија и единаесет месеци во затворската болница. Во 1959 година, тој бил префрлен во Медицинскиот Центар за федерални затворенициво Спрингфилд, Мисури (MCFP Springfield). Иако го нарекувале Одгледувачот на птици во Алкатраз, не му било дозволено да чува птици додека бил затворен таму. Кога пристигнал Ал Капоне во Алкатраз во 1934 година, затворските власти објасниле дека тој нема да добива никаков посебен третман. Додека ја отслужувал својата казна, во Федералниот затвор во Атланта, Капоне како совршен манипулатор продолжил со уцени позади решетките поткупувајќи ги стражарите. Капоне предизвикал неверојатано медиумско влијание додека престојувал на Алкатраз, иако отслужил само четири и пол години од неговата казна таму, пред да покаже симптоми на сифилис во трет стадиум и да биде префрлен во Федералниот затвор на Островот Терминал во Лос Анџелес. Џорџ Кели – Митралез пристигнал 4 септември 1934 година. Во Алкатраз, Кели постојано се фалел за неколку кражби и убиства , кои никогаш не ги извршил. Иако се велело дека неговите фалби им биле здодевни на другите затвореници, Управникот Џонсон го сметал за примерен затвореник. Алвин Карповиц – Морничав пристигнал во 1936 година. Тој постојано се тепал со другите затвореници. Поминал најмногу време на Островот Алкатраз, отслужувајќи околу 26 години. Џејмс Балгер – Белец поминал три години во Алкатраз (1959 – 1962 година) отслужувајќи казна за грабеж на банка. Додека престојувал таму, се зближил со Кларенс Карнес, познат и како Чоктау Кид. Елсворт Рејмонд Џонсон – Бампи, Кумот на Харлем, бил афроамерикански гангстер, шпекулант, рекетар и криумчар во Харлем во почетокот на 20 век. Тој бил испратен во Алкатраз во 1954 година и бил затворен се до 1963 година. Се верувало дека бил вмешан во обидот за бегство во 1962 година на Френк Морис, Џон и Кларенс Енглин. Мики Коен работел за рекетот со дрога на мафијата, тој бил осуден за неплаќање данок и осуден на 15 години во Островот Алкатраз. Во двете години од казната, некој затвореник го претепал Коен со оловна цевка, делумно парализирајќи го мафијашот. По неговото ослободување во 1972 година, Коен водел мирен живот со старите пријатели. Артур Р. Баркер – Доктор синот на Меј Баркер и член на бандата Баркер – Карпис заедно со Алвин Карпис. Во 1935 година, Баркер бил испратен на Островот Алкатраз под завера за киднапирање. Ноќта на 13 јануари 1939 година, Баркер заедно со Хенри Јанг и Руфас МекКејн се обиделе да побегнат од Алкатраз. Баркер бил погоден и убиен од страна на стражарите. Рафаел Кансел Миранда, член на порториканската Националистичка партија, што ја нападнал зградата на Конгресот во САД во 1954 година. На 1 март 1954 година, Кансел Миранда заедно со неговите колеги од Националистичката партија Лолита Леброн, Андрес Кордеро и Ирвинг Родригез влегле во зградата на Конгресот во САД, вооружени со автоматски пиштоли и истрелале 30 пати, погодувајќи пет Конгресмени, од кои сите преживеале повредите. Годините по затворањето на затворот Поради тоа што работењето на државниот затвор чини многу повеќе отколку другите затвори (околу 10 долари по затвореник, за разлика од 3 долари по затвореник дневно во Атланта), а полавековното натопување во солена вода значително ги нагризало зградите. Министерот за правда Роберт Ф. Кенеди наредил да се затвори на 21 март 1963 година. Освен тоа, граѓаните се повеќе протестирале против влијанието врз животната средина на отпадните води испуштани во заливот на Сан Франциско од околу 250 затвореници и 60 семејства на Бирото на затвори на островот. Истата година на копно, Државниот затвор во Марион, Илиноис, бил отворен како замена за Алкатраз.

Окупацијата на Индијанците[уреди]

Со почеток на 20 ноември 1969 години, група Индијанци наречена Обединети Индијанци од сите племиња, повеќето студенти од Сан Франциско, го заземале островот за да се побунат против федералните политики поврзани со американските Индијанци. Некои од нив биле деца на Индијанци што се преселиле во градот како дел од прогарама за урбанизирање потпомогната од Бирото за Индијански работи (БИР) од 1939 до 1950 година. БИР се надевал да им даде на Индијанците нови можности во градовите, бидејќи голем број индијански резервати биле изолирани од пазари на работа. Закупниците кои останале на островот околу две години, побарале установите на островот да бидат прилагодени и нови структури да бидат изградени за Индијански едукативен, еколошки и културен центар. Американските Индијанци го побарале островот со одредби од Договорот од Форт Ларами (во 1868 година) помеѓу САД и Сијуксите. Тие рекле дека со Договорот им било ветено дека ќе им се врати секое повлечено, напуштено или надвор од употреба федерално земјиште на Индијанците од кои било одземено. (Забелешка: Договорот од 1868 година велел дека секое напуштено или неискористено федерално земјиште кое граничи со Големиот резерват на Сијуксите би ножело да биде побарано од поколението на Сијуксите.) Тогаш, Индијанците од сите племиња сите го побарале Островот Алкатраз со „Правото на откритие“, бидејќи локалното населениего знаело тоа, илјадници години пред некој Европјанец да дојде во Северна Америка. Со почеток на градските Индијанци од Сан Франциско, окупацијата привлекла други Индијанци низ државата, вклучувајќи го и Движењето на американските Индијанци (ДАИ) активисти од Минеаполис. Индијанците побарале обештетување за многуте договори прекршени од страна на американската влада и за земјиштата што им биле одземени на многу племиња. Во разговорите за за правото на откритие, историчарот Трој Р. Џонсон во „Окупацијата на Островот Алкатраз“ изјавува дека локалните луѓе знаеле за Алкатраз барем 10 000 години пред некој Европјанец да дознае за кој било дел на Северна Америка. Индијанците се противеле на соујзните политики, како што е интензивниот притисок да ги праќаат нивните деца во училишта со интернат. Тие ги навеле Моки Хопи во 1895 година, кои биле држени како воени затвореници од страна на САД. Американската влада им понудила да ги ослободи луѓето, доколку тие се согласат да ги испратат нивните деца во американските училишта за Индијанци. Хопи одбиле, верувајќи дека ова ќе ја уништи нивната култура и ќе наметне асимилација. Ефектот на политиката бил да ги прекине сите позитивни врски кои Хопи можат да ги воспостават со американската влада. Во текот на 19 месеци и девет дена на окупација од страна на Индијанците, биле оштетени или уништени неколку згради во Алкатраз со оган, вклучувајќи ја и салата за рекреација, квартовите на крајбрежната стража и домот на управникот. Потеклото на огнот не е познато. Американската влада демолирала голем број на други згради (главно апартмани) по завршувањето на окупацијата на Индијанците. Графити од времето на окупацијата на Индијанците сеуште се видливи на многу места на островот. За време на окупацијата, претседателот Ричард Никсон ја укинал политиката за анулирање на Индијанците назначена од претходните управувања за да се заврши со федералното признавање на племињата и нивната посебна врска со владата на САД. Тој поставил нова политика за самоодлучување, делумно како резултат на публицитетот и свесноста која се создала со окупацијата. Окупацијата се завршила на 11 јуни 1971 година. Окупацијата на Алкатраз поттикнала голем број на други политички подвизи од страна на Индијанските активисти, ако на пример: заземањето на Мејфлауер 2 во Бостон за Денот на благодарноста во 1970 година, окупацијата на Индијанците на планината Рашмор, последиците од прекршените договори во 1972 година, завршувајќи со окупацијата на Индијанците на Главниот штаб на Министерството за внатрешни работи, инциддентот со Ранетото колено во резерватот Пајн Риџ во 1973 година, во кој Олглала Лакота држела територија против федералните сили 71 ден и најдолгата прошетка во 1985 година. Окупацијата на Алкатраз им дала на голем број Индијанци чувство за заеднички паниндијански идентитет, како и обновување целта за активизам и барање на нивните култури. Тоа е дефинирано како клучно движење во нивната борба за утврдување на правата од договорот, признавање ба племенскиот суверенитет и желбата за самоуправување и обновување на индијанскиот идентитет. По серија на барања во Алкатраз, американската влада го вратила вишокот неискористено земјиште на племињата Таос, Јакама, Навахо и Вашо. Во 2011 година, во Алкатраз билa отворена постојана мултимедијална изложба, која ја истражувала 19–месечната окупација. Сместена во собата за вежбање на поранешниот бенд во блок на ќелии во подрумот, просторот служи како културен центар што Индијанците го побарале во нивната окупација. Изложбата, под наслов „Сè уште постоиме“ ("We Are Still Here"), прикажува слики, видеа и звучни снимки прибрани од страна на персоналот и студенти од Државниот Универзитет во сан Франциско и Калифорнискиот државен Универзитет во Ист Беј. Кустосите на изложбата ги интервјуирале потомците на водачот на окупацијата Ричард Оукс и другите што земале учество.

Знаменитости и развој[уреди]

Целиот остров Алкатраз бил ставен на листата на Националниот регистар на историски места во 1976 година, а подоцна бил прогласен за Национална историска знаменитост во 1986 година. Во 1993 година, Службата за национални паркови објавила план под насловот: „Развоен концепт и еколошка проценка на Алкатраз“. Овој план, кој бил одобрен во 1980 година, го удвоил значењето на Алкатраз за јавноста за да им овозможи на посетителите да уживаат во неговиот пејсаж и птиците, во морскиот и животински свет. Денес, групите на амреикански Индијанци, како што е „Советот за меѓународни договори на Индијанците“ одржува свечености на островот, особено забележителни се нивните „Собири на изгрејсонце“ за Денот на Колумбо и Денот на благодарноста. Предлог – центар за мир Глобалната фондација за мир предложила да се срамни затворот и на тоа место да се изгради мировен центар. Во текот на претходната година, поддржувачите собрале 10,350 потписи за прелиминарните претседателски избори во Сан Франциско на 5 февруари 2008 година. Предложениот план бил проценет на една милјарда долари. За планот да помине, Конгресот треба да го извади Алкатраз надвор од Националната служба за паркови. Критичарите на планот велат дека Алкатраз е премногу историски богат за да биде уништен. На 6 февруари 2008 година, предлогот за Глобален мировен центар на Островот Алкатраз не бил прифатен, бил одбиен со 72% од гласовите.

Фауна и флора[уреди]

Живеалиште[уреди]

• Цистерни (Cisterns) - Стрмен брег, кој поради своите влажни процепи се верува дека е значајно место за малобројните калифорниски саламандери . • Врвови на гребени на северниот крај од островот. Содржејќи некогашна индустриска зграда и плоштад, областа се наведува како значајна за правење гнезда и положување јајца на птиците. • Електрична централа. Стрмен насип • Камени базени. Неколку од нив, со многугодишното работење со каменолом, сеуште содржат неидентификувани видови и морски алги. Според извештајот, тие претставуваат едно од неколкуте комплекси на камени базени. • Западни гребени и врвови на гребени. Со висина до околу 30 метри, тие обезбедуваат поволни места за вгнездување и положување на јајца на морските птици вклучувајќи ги гулабите, кормораните, Хермановите галеби и западните гулаби. Фоките на пристаништето можат повремено да бидат видени на мала плажа кај базата. • Парадниот полигон. Пробиен со падината, кон крајот на 19 – ти век и покриен со урнатини откако Владата ја уништила стражарската куќа во 1971 година, областа останала живеалиште и поволно тло за одгледување на ноќните жерави со црни круни, западните гулаби, ендемичните саламандери и др. • Патеката Агава, именувана по густиот раст на агава. Лоцирана над крајбрежјето на јужната страна, им овозможува вгнездување на ноќните жерави. • Затворот Алкатраз и неговата околина.

Флора[уреди]

Градините засадени од семејствата на првобитната воена пошта и подоцна од семејствата на затворските чувари останале запуштени по затворањето на затворот во 1963 година. По 40 години, тие биле обновени од платен персонал и голем број на волонтери, благодарение на финансиската поддршка од страна на Службата за заштита на градини. Неодржуваните градини станале премногу обраснати и прераснале во живеалиште и засолниште на голем број птици. Денес, областите со живеалишта за птици се чувани и заштитени, додека многу од градините се доведени во нивната првобитна состојба. При чистењето на обраснатоста, работниците откриле дека некои од нив растеле таму каде што биле засадени , дел од нив уште пред 100 години. Голем број на наследници на рози хибриди, вклучувајќи и велшка роза за која се верувало дека е изумрен вид, била откриена и размножена. Многу видови на рози, кактуси и сардели растат меѓу јаболкниците и смоквите, редици на сладок грашок, маникирани градини од цвеќиња со ластери и широко обраснати делови со пасишта на на капинки и анамска роза.

Во популарната култура[уреди]

Островот Алкатраз често се појавува во популарната култура, вклучувајќи ги филмовите „Икс – мен: последната станица“ (2006 година), „Фати ме ако можеш“ (2002 година), „Карпата“ (1996 година), „Бегството од Алкатраз“ (1962 година) и телевизиските серии на Џ. Џ. Ебрамс „Алкатраз“ во 2012 година. Исто така, беше прикажан и во анимираните серии „Ју – Џи – О!“.