Алесандро де Марки (велосипедист)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алесандро де Марки

Де Марки (напред) на Тур де Франс 2014
Лични податоци
Цело име Алесандро де Марки
Роден 19 мај 1986 (1986-05-19) (29 г.)
Сан Даниеле дел Фриули, Италија
Висина 1,80 м
Маса 65 кг
Податоци за клубот
Мом. клуб БМЦ Рејсинг Тим
Дисциплина Друмски и велодромски велосипедизам
Улога Возач
Вид на возач Специјалист за бегства
Аматерски клубови
2007–2008
2009–2010
2010
ГС Пермак Бризо Бибанезе
Велосипедски тим Фриули
Андрони Џокатоли (стажант)
Професионални клубови
2011–2012
2013–2014
2015-
Андрони Џокатоли
Канондејл
БМЦ Рејсинг Тим
Значајни победи
Гранд Тур
Тур де Франс
Награда за борбеност (2014)
Вуелта а Еспања
1 индивидуална етапа (2014)
Последна промена
23 јануари 2015

Алесандро де Марки (италијански: Alessandro De Marchi; р. 19 мај 1986) — италијански професионален друмски и велодромски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата БМЦ Рејсинг Тим.

Роден во Сан Даниеле дел Фриули, Де Марки се натпреварувал како професионалец од почетокот на сезоната 2011, придружувајќи ѝ се на екипата Андрони Џокатоли, по поминатата година како стажант во истата екипа.[1] На Џиро д’Италија 2012, Де Марки на двапати бил во бегство, во текот на петтата и четиринаесеттата етапа, на која Де Марки успеал да дојде до крај со бегството и да заврши трет,[2] зад Андреј Амадор и Јан Барта; резултатот дошол на неговиот 26. роденден. Де Марки ја освоил својата прва етапна победа на некој Гранд Тур на седмата етапа на Вуелта а Еспања 2014 со рано бегство и завршувајќи сам.[3]

БМЦ Рејсинг Тим објавила дека Де Марки ќе биде нов член за сезоната 2015.[4]

Достигнувања[уреди | уреди извор]

2007
1. MaillotItalia.PNG Национално велодромско првенство - екипна потера
1. Отворено балканско првенство Атина - екипна потера
1. Трофео Марлене-Бракале Инсегвиторе
1. Етапа 3 Џиро Сиклисто Песке Нетарине ди Ромања
2. Копа Сан Вито
2. Трофео е Гран Премио Банка Кредито Коперативо дел Метауро
3. Отворено балканско првенство Атина - индивидуална потера
4. Трофео Мартири дел’Орено
4. Пикола Сан Ремо
5. ГП Претола
2008
1. Трофео Сита ди Конелјано
1. ГП Фолињано
2. Џиро деи Тре Понти
3. Меморијал Морган Капрета
3. ГП Санта Марија деи Луми
4. Трофео Марлене-Бракале Инсегвиторе
5. Сиркуито дел Термен
6. Трофео Џанфранко Бјанкин
10. Краен пласман Џиро дел Фриули
2009
1. Џиро дела Провинција ди Бјела
1. ГП Сита ди Верона
4. Руота д’Оро
4. Љубљана-Загреб
5. ГП Фира дел Ризо
7. ГП Спортиви ди Поџана
8. Меморијал Пиџони Коли
8. Џиро дел Касентино
9. Копа Сита ди Сан Даниеле
2010
3. ГП Сита ди Салтино Валомброза
4. Краен пласман, Турул ал Романи
4. Копа Комуне ди Кастилјон Фиорентино
6. Копа Сита ди Сан Даниеле
7. Копа Кадути ди Реда
8. Трофео Матеоти
8. Виченца-Бионде
8. ГП Камон
2011
1. MaillotItalia.PNG Национално велодромско првенство - екипна потера
2. Национално велодромско првенство - индивидуална потера
3. Тре Џорни Сита ди Порденоне
6. Џиро дел’Апенино
2013
1. Етапа 8 Критериум ду Дофине
6. Пруеба Вилјафранка де Ордизија
2014
1. Jersey white dots on red.svg Планински пласман Критериум ду Дофине
Тур де Франс
Jersey red number.svg Награда за борбенсот на етапа 13, 14 и на цела трка
1. Етапа 7 Вуелта а Еспања

Распоред на резултатите на Гранд Тур[уреди | уреди извор]

Гранд Тур 2011 2012 2013 2014
Jersey pink.svg Џиро 109 98
Jersey yellow.svg Тур 71 52
Jersey red.svg Вуелта 67

СО = се откажал

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Androni Giocattoli 2011: Il tricolore inseguimento open, Alessandro De Marchi da stagier ad effettivo – per lui un meritato contratto biennale per le stagioni 2011/2012“, „Pedale Tricolore“, WordPress, 15 октомври 2010 (конс. 20 мај 2012). (на италијански)
  2. Рајдер Хесједал повторно во водство на Алпите“, „BBC Sport“, BBC, 19 мај 2012 (конс. 20 мај 2012).
  3. Питер Косинс. „Вуелта а Еспања: Де Марки победи на седмата етапа во Алсаудете“, „Cyclingnews.com“, Future plc, 29 август 2014 (конс. 29 август 2014).
  4. „Transfert - Alessandro de Marchi chez BMC en 2015“ (на француски). http://www.lematin.ch/sports/depeches/transfert--alessandro-marchi-bmc-2015/story/31390423. конс. 3 август 2014. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]