Алелна фреквенција

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Алелна фреквенција — поим од популациона генетика, ја означува пропорцијата од сите копии на еден ген кој пак се состои од одредена генска варијанта — алел. Со други зборови, тоа е бројот на копии на одреден алел поделен со бројот на копии од сите алели кои се наоѓаат на генетското место (локус) во популацијата. Алелната фреквенција може да се изрази во проценти. Во популационата генетика, алелните фреквенции се користат за да го отсликаат генетскиот диверзитет на индивидуално, популационо и видово ниво.

Доколку имаме:

  1. даден локус на хромозом и ген кој го зафаќа тој локус
  2. популација од N единки кои носат n локуси во секоја од нивните соматски клетки (на пример, два локуси во клетките на диплоидните видови, кои содржат два сета на хромозоми)
  3. постоење на различни алели на генот
  4. постоење на еден алел во a копии

тогаш алелната фреквенција е делчето (фракцијата) или процентот од сите појавувања на тој локус кој е заземен од даден алел, а фреквенцијата на еден од алелите е a/(n*N).

На пример, доколку фреквенцијата на еден алел е 20% во дадена популација, тогаш еден од пет хромозоми ќе го носи тој алел меѓу членовите на популацијата. Четири од вкупно пет ќе бидат заземени од страна на други варијанти на генот. Треба да се забележи дека за диплоидните гени, фракцијата на единки кои го носат овој алел може да биде близу два од пет.