Алексеј I Комнен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алексеј I Комнен
Ἀλέξιος Α' Κομνηνός
Византиски Цар
Alexius I.jpg
Слика на Алексеј I од книга сочувана во Ватиканската бибилотека
Византиски цар
На престол 4 април 1081 – 15 август 1118
Крунисување 4 април 1081
Претходник Никифор III Ботанијат
Наследник Јован II Комнен
Сопружник Ирина Дукина
Деца
Ана Комнена
Марија Комнена
Јован II Комнен
Андроник Комнен
Евдокија Комнена
Теодора Комнена
Исак Комнен
Мануел Комнен
Зоја Комнена
Династија Комнени
Татко Јован Комнен
Мајка Ана Даласена

Алексеј I Комнин (грчки: Ἀλέξιος Α' Κομνηνός, 1048 - 15 август 1118) бил византиски император од 1081 до 1118 година и основач на Династија на Комнените. Тој го преземал водството на царството во многу тешка ситуација. Империја во текот на неговото владеење се соочувала со постојани војни со Турците селџуци во Мала Азија и со Норманите во западниот дел на Балканот. Алексеј I успеал да го запре опаѓањето на византиската моќ и го започнал военото, финансиското, и територијалното обновување на империјата. Неговите апели до Западна Европа за помош против турските народи биле катализатор кое подоцна иницирало да се започне Крстоносни војни.

Живот[уреди]

Алексеј бил син на Јован Комнeн и Ана Даласена, внукa на Исак I Комнен (император во периодот од 1057 до 1059). Tаткотo Алексеј го одбил престолот по абдикација на Исак кој, во периодот помеѓу 1059 и 1081 година, бил наследен од четири императори од други семејства. За време на владеењето на Роман IV Диоген (1067-1071), тој служел во армијата против Турците селџуци. Тој исто така бил ангажиран и од Михаил VII Дука (1071-1078) и Никифор III Ботанијат (1078-1081). Заедно со неговиот постар брат Исак бил ангажиран против бунтовниците во Мала Азија, Тракија и Епир.

Во текот на последните дваесет години од својот живот Алексеј изгубил голем дел од својата популарност. Тие години биле обележани со прогон на Богомилите. Исто така, покрај успехот на крстоносната војна, Алексеј морал да одбие голем број напади врз неговата територија од страна на Турците селџуци (во периодот од 1110 до 1117 година).

Алексеј долго време бил под силно влијание на неговата мајка Ана Даласена, која наместо својата сопруга (Ирина Дукина) ја крунисал како Аугуста. Даласена била ефикасен администратор на империјата за сето време долгите воени кампањи кои Алексеј I ги водел. Таа била постојано во судир со нејзината снаа и ја преземала целосната одговорноста за воспитувањето и образованието на нејзината внука Ана Комнена.

Византиско-Нормански војни[уреди]

Византија во периодот кога Алексеј I дошол на тронот на (околу 1081 година)

Долгото владеење на Алексеј I од скоро триесет и седум години било исполнето со војни. На самиот почеток, тој морал да одговори на големиот напад на Норманите кој ги освоиле Драч и Крф, но и го опседнале градот Лариса во Тесалија. Алексеј I доживеал неколку порази, пред да биде во можност успешно да возврати. Тој својата позиција ја подобрил поткупувајќи го на германскиот цар Хенри IV со 360.000 златнци за да ги нападне на Норманите во Италија, со што тие биле присилени да се сконцентрираат на нивната одбрана дома (во 1083-1084). Опасноста од Норманите завршила со смртта Robert Guiscard во 1085.

Византиско-Селџучки војни[уреди]

Во времето кога Алексеј I се искачил на престолот, на Турците селџуци ја имале преземено контролата врз поголемиот дел од Мала Азија. Алексеј бил ги контролирал крајбрежните региони, но со ова не бил во можност да го спречи проширувањето на Турците. Уште во 1090, Алексеј побарал помош од папата во борбата против Селџуците. Во 1095 неговите амбасадори се појавиле пред папата Урбан II за време на Советот на Пјаченца. Помош која тој ја барал од Западот, биле во платеници, а не огромните силите кои пристигнале. Откако папата ја проповедал Првата крстоносна војна на Советот во Клермон подоцна истата година, императорот забележал дека не е сосема подготвен за снабдување на овој број на луѓе. Како што крстоносците поминувале низ неговите територии, царот видел дека неговите балкански имоти се разграбуваат од рацете на своите сојузници. Алексеј се справил со првата неорганизирана група на крстоносци, предводени од страна на проповедник Пјер Отшелника, со нивно испраќање во Мала Азија, каде што тие биле масакрирани од страна на Турците во 1096 година.

Втората и многу поопасното група на Крстоносци постепено се приближувала кон Цариград. Оваа група била предводена од Годфрид Бујонски, Bohemund од Таранто, Рејмонд IV од Тулуз и други важни членови на западниот благородништвото. Алексеј ја искористил можноста за средба со водачите на крстоносеците. Тој од нив успеал да издејствува заклетва за почит и ветување дека освоените територии ќе и припаднат на Византија. При пренесувањето на секој контингент во Азија, Алексеј ветил дека ќе ги снабдува со единиците во замена за нивната лојалност. Крстоносната војна претставувала голем успех за Византија, затоа што Алексеј повторно контролирал голем број на важни градови и острови.

Опсада на Никеја од страна на крстоносците довела до тоа градот да му се предаде на царот во 1097 година. Византиска власт била возобновена и во Хиос, Родос, Смирна, Ефес, Сардис, како и во Филаделфија во 1097-1099.

Крстоносни војни[уреди]

Семејство[уреди]

Извори[уреди]


Византиско царство
Византиска култура Историја на Византија Уредување на Византија

Архитектура
Музика
Уметност
Наука
Календар

Градови:
Цариград
Никеја
Мистра

Градби:
Света Софија

Константин I | Теодосиј I | Јустинијан I
Распад на Персија (628)
Ираклиј I
Иконоборство (726)
Лав III Исавријанин | Константин Порфирогенит | Василиј II
Големата Шизма (1054)
Битка кај Манцикерт (Кобна 1071)
Алексеј I Комнен | Мануел I Комнен
Падот на Цариград (1204)
Теодор I Ласкарис
Обнова на Византија (1261)
Михаил VIII Палеолог | Константин Драгаш
Падот на Цариград (1453)
Византиски цареви
Византиска дипломатија