Александар I Епирски

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Александар I Епирски (старогрчки: Ἀλέξανδρος Α' της Ηπείρου, 370 - 331 п.н.е.), исто така познат како Александар Молосиски (старогрчки: Ἀλέξανδρος ο Μολοσσός), бил крал на Епир (350 - 331 п.н.е.) од Еакидската династија.[1] Како син на Неоптолем I и брат на Олимпија, тој бил вујко на Александар Македонски. Во својата младост престојувал кај Филип II Македонски. Филип фактички му помогнал да стане крал на Епир, откако го симнал од престолот неговиот вујко Аримба. Кога Олимпија била протерана од страна на Филип II, 337 п.н.е., таа заминала кај нејзиниот брат и се обидела да влијае на него да му објави војна на Филип.

Филип го насетил заговорот и го зајакнал сојузот со Александар I, давајќи ја неговата ќерка (внуката на Александар I) Клеопатра за жена (336 п.н.е.). На свадбената церемонија врз Филип бил извршен атентат од страна на Павзаниј од Орест.

Во 334 п.н.е., Александар I, на барање на грчките колонии Таранто (во Magna Graecia), заминал за Италија, со цел да им помогне во борбите против неколку италијански племиња, Луканијанците и Брутиите. После победата над Самнијците и Луканијците близу Пестум, 332 п.н.е., тој склопил договор со Римската Република. Успехот сѐ уште ја следел неговата војска. Тој ја преземал Хераклеја од Луканијците и Терина и Сипонтум од Брутиите. Но бил измамен од страна на некои луканијанци, намамен близу Пандозија, на брегот на Ахерон и убиен при обидот да ја премине реката.

Него го наследил неговиот син, Неоптолем II, и ќерката, Кадмеа.[2][3][4]

Наводи[уреди]

  1. Mason, Charles Peter. (1867). „Alexander“. Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology 1: 116. Изд. William Smith. Boston: Little, Brown and Company.
  2. Justin. Epitome of Pompeius Trogus, viii.6, ix.6, xii.2
  3. Livy. Ab urbe condita, viii.3, 17, 24
  4. Aulus Gellius. Noctes Atticae, xvii.21

Надворешни врски[уреди]


Претходник
Аримба
Крал на Епир
350– 331 п.н.е.
Наследник
Еакид