Александар Станоев

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар Станоев (1881, Неготино - 1907, Виена) — македонски револуционер од Илинденскиот период и член на ЦК на ВМРО.

Животопис[уреди | уреди извор]

Александар Станоев е роден во Неготино, во 1881 година. Неговата родна куќа се наоѓала во строгиот центар на Неготино, наспроти денешната општинска зграда. За време на Тиквешкото востание од 1913 година, куќата била запалена. Исто така, во знак на одмазда за востанието, во 1913 година, српската окупациска власт ги стрелала Ѓорѓи Станоев (братот на Александар), заедно со сопругата и три машки деца, таткото Станоја и чиракот во нивната семеен дуќан.[1]

Револуцинерна дејност[уреди | уреди извор]

На Рилскиот конгрес, одржан во 1905 година, Станоев бил избран за член на Централниот комитет на ВМРО. Поради неговата посветеност на борбата за слобода на Македонија, тој уживал голема почит не само во редовите на ВМРО, туку и кај населението. Во 1907 година, во долното маало во Неготино, додека престојувал на еден состанок во куќата на клисарот Ифтим, Станоев бил опколен од турската војска. Станоев се обидел да побегне, прескокнувајќи неколку високи ѕидови, но кога видел дека ќе падне во рацете на аскерот, тој си пукал во главата. Умрел во една болница во Виена, во 1907 година, како последица на раните кои си нанесол.[1]

Обележја[уреди | уреди извор]

По бугарската окупација на Македонија во 1941 година, единственото училиште што постоело во Неготино го добило името според Станоев, но веќе во 1945 година тоа било преименувано во "Страшо Пинџур". Оттогаш, името на Станоев било заборавено од официјалната македонска историографија, а исто така, не било поставено никакво обележје во чест на неговата дејност.[1]

Литература[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 Светлана Дарудова, "Името на револуционерот Станоев било избришано во 1945 година", Дневник, год. XVII, бр. 5328, петок, 29 ноември 2013, стр. 14.