Александар Рибак

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Александар Игоревич Рибак
Alexander Rybak during Eurovision 2009.jpg
Основни податоци
Родено име Александар Игоревич Рибак
Роден(а) 13 мај 1986
Минск Минск, БССР БССР,
Country flag Советски Сојуз (денес Белорусија)
Жанр(ови) поп, фолк, класична музика
Занимање/ња виолинист, пејач, композитор, актер
Години активност 1991 - денес
Веб-место Official Myspace
Значаен/јни инструмент(и)
виолина, пијано


Александар Игоревич Рибак (белоруски: Алякса́ндр І́гаравіч Рыба́к, норвешки: Alexánder Rybák, роден на 13 мај 1986 во Минск) е норвешки[1] виолинист, композитор, пејач и актер. Тој ја претставуваше Норвешка и победи на Евровизија 2009, која се одржа во Москва.

Биографија[уреди]

Рани години[уреди]

Рибак се родил во Минск во поранешниот Советски Сојуз. Неговите родители се преселиле во Норвешка, кога тој имал само 6 години.[2] Уште од мал бил заинтересиран за музиката и започнал виртуозно да свири на виолина и пијано уште од 5 години. Всушност, тој е и дел од музичко семејство. Неговата мајка, Наталија Валентиновна Рибак (Наталля Валянцінаўна Рыбак) е пијанистка, а неговиот татко Игор Александрович Рибак (Ігар Аляксандравіч Рыбак) е познат класичен виолинист, кој има настапувано и со Пинхас Цукерман.[3] Александар тврди: „Јас се когаш сакам да се рекреирам и на некој начин тоа е моја сколоност.“[4] Тој живее во Несоден во блзиина на Осло.

Личен живот[уреди]

Рибак ја добил културната награда Андерс Јаре во 2004.[5] Тој учествувал и на норвешкото издание на фестивалот Идол, на кој се пласирал до полуфиналето, а во 2006 победил на фестиваклот Кјемпесјансен организиран од страна на Норвешката радиотелевизија со неговата сопствена песна „Foolin“.[4] Александар Рибал бил во односи со музичари како пејачите од групата a-ha Мортен харкет и Арве Телефсен. Од 2007, тој свири виолина во мјузиклот Виолинист на кровот. За оваа улога, тој бил одликуван со наградата Heddaprisen.[4] Александар се јавува и како актер во улогата на Леви во филмот Јохан, режиран од Грета Саломонсен.[6]

Евровизија 2009[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Норвешка на Евровизија 2009.
Рибак на пресконференцијата на Евровизија 2009 во Москва

Рибак победи (со рекордни 387 поени) на 54. издание на Евровизија, одржано во Москва во 2009, исполнувајќи ја песната „Fairytale“ („Бајка“),[7] која е инспирирана од норвешката народна музика. Музиката и текстот на песната ги напишал самиот Рибак.[8] Песната беше изведена со танцовата група Frikar. Според оценките на весникот Dagbladet, песната доби оценка 6 од 6.[4][4] Според прогнозите на ESCtoday, нему му се даваа најголеми шанси за победа, со дури 71.3% од вкупниот број на гласови.[9]

Во изборот за песна на Евровизија во Норвешка, Рибак победил убедливо со максимална подршка од сите 9 гласачки подрачја, завршувајчи со 747.888 поени, при што второпласираниот Тоне Дамлуи Аберге осовил 121.856.[10]

Песната беше изведена во втората полуфинална вечер и обезбеди пласман во финалето.

Рибак потоа победи и во финалната вечер, уривајќи го дотогашниот рекорд на победниците од Евровизија во 2006 Лорди од 292 поени и поставувајќи нов од 387 поени, што е за цели 95 повеќе. Песната победи без поголема конкуренција, бидејќи второпласираниот Исланд имаше 169 поени помалку.

По победата на Евровизија[уреди]

Рибак и танчер од Фрикар на концерт во Норвешка во септември 2009

Првиот албум на Александар Рибак, насловен Fairytalesбеше издаден по неговата победа на Евровизија 2009. Тој, исто така глуми во филмот Јохан: Чудесното дете, во режија на Грета Саломонсен Salomonsen, којшто треба да биде прикажен во текот на 2010.[11] Рибак имаше турнеја низ Норвешка, која беше планирана уште пред неговиот настап и победа на Евровизија. Во 2009, тој имаше уште една турнеја низ Норвешка и турнеја низ Европа, но овој пат со Фрикар.

На 30 ноември 2009, Рибак настапи на Црвениот плоштад во Москва, придружен од Алексеј Јагудин, за време на промоцијата на новите симболи на Зимските олимписки игри во 2014, кои ќе се одржат во Сочи.

Рибак сними дел, насловен „Јас не верувам во чуда“ од рускиот акционен филм Црна молња на Тимур Бекмамбетов.[12]

На 13 декември 2009, тој учествуваше во украинската телевизиска емисија „Фабрика за ѕвезди“.

Наводи[уреди]

  1. NORWAY WINS EUROVISION SONG CONTEST
  2. Интервью Александра Рыбака на «Эхо Москвы»
  3. Biografie: April 2009Александар Рибак, EMI Music, Германија
  4. 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Espen Hansen, Tom (9 февруари 2009). „„Да се биде голем фаворит ме прави нервозен“ esctoday.com Средба со АЛександар Рибак“. esctoday.com. http://www.esctoday.com/news/read/13180. конс. 13 февруари 2009. 
  5. „Anders Jahres kulturpris 2004 til Ingvar Ambjørnsen og Geir Kjetsaa“ (на Norwegian). ajhs.no. 30 јуни 2004. http://www.ajhs.no/scripts/ingress/read.pl?id=040630091306-683. конс. 13 февруари 2009. 
  6. „Alexander til filmen“ (на Norwegian). yohan.no. 28 јули. http://www.yohan.no/nyheter-/36-august/161-alexander-til-filmen. конс. 13 февруари 2009. 
  7. Klier, Marcus (21 февруари). „Norway: Alexander Rybak to Eurovision“. ESCtoday. http://www.esctoday.com/news/read/13325. конс. 21 февруари 2009. 
  8. Schacht, Andreas (7 февруари 2009). „Norway: Alexander Rybak and Ovi to final!“. eurovision.tv. http://www.eurovision.tv/page/news?id=1891. конс. 10 февруари 2009. 
  9. Klier, Marcus (7 февруари 2009). „Third semi final results Norway: Another two acts chosen for the national final“. escfans.com. http://www.escfans.com/news/read/13167. конс. 13 февруари 2009. 
  10. „www.esctoday.com/news/read/13325“. http://www.esctoday.com/news/read/13325. 
  11. „Alexander til filmen“ (на Norwegian). yohan.no. 28 јули. http://www.yohan.no/nyheter-/36-august/161-alexander-til-filmen. конс. 13 февруари 2009. 
  12. "They said it would kill my career "Rybak: "I listened only to myself", esctoday.com, 2 јануари 2010

Надворешни врски[уреди]