Александар Настески

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар В. Настески (Зубовце, Гостиварско, 1948- Тетово, 2023) — македонски ликовен уметник[1] и еден од истражувачите на карпестата уметност на Шар Планина[2]. Дипломирал како сликар-костимограф на Белградскиот универзитет во Србија. Тој работи најчесто со масло, односно комбинација на пејзажи, портрети и мртва природа. Член е на Здружението на ликовни уметници од Тетово. Во јуни 2010 во Центарот за култура во Тетово ја одржал својата 26 самостојна изложба[3]. Починал на 19-ти јануари 2023 година во Тетово[4].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Бошковска, Надица (2000). Библиографија на македонската ликовна уметност (2. изд.). Народна и Унивезитетска библиотека „Климент Охридски“.
  2. Тоевски, Свето (10 ноември 2008). „КАРПИТЕ НА ШАРА КАКО РИТУАЛНИ СВЕТИЛИШТА Адам од Пена“. Вест. Посетено на 2010-10-28.[мртва врска]
  3. „„Вечни симболи" - изложба на Александар Настески“. Утрински Весник. 1 јуни 2010. Посетено на 2010-10-28.
  4. Самарџиев, Александар (2023-01-19). „Почина академскиот сликар и уметник Александар В. Настески“. Тетово Инфо. Посетено на 2023-01-19.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]