Александар Букарски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Александар Букарски (Букаро) — претставник на сајбер-литературата во Република Македонија. Роден е во Битола во 1984 год. и моментално е студент на Филолошкиот факултет во Скопје, на катедрата за Компаративна книжевност. Букарски е контраверзен автор, познат по својот блог [1] како и по колумната за весникот „Време“.

Творештво[уреди | уреди извор]

Букарски зад себе има педесеттина раскази и уште неколку колумни и разни прозни дела објавени на повеќе македонски мрежни места. Во нив живее „цела тајфа на ликови кои ги среќавате во соседството, во маалото, на работа, во продавница, на телевизија или по дома, а понекогаш дури и во огледалото“. Некои негови трудови се преведени и на хрватски и бугарски јазик .

Надворешни врски[уреди | уреди извор]