Александар Алексиев

Од Википедија — слободната енциклопедија
Александар Алексиев
Роден/а20 август 1929
Македонија Кочани, Македонија
Починат/а22 февруари 2006
Македонија Скопје, Македонија
ЗанимањеПисател

Александар Алексиев — македонски поет, романописец, критичар, книжевен историчар и театралог.

Роден е во Кочани на 20 август 1929 година. Завршил Филозофски факултет во Скопје. Бил директор на Радио Скопје, на Архивот на Македонија и професор на Факултетот за драмски уметности. Долгогодишен уредник на списанието „Современост“. Член на ДПМ од 1959 година.[1] Една година бил затворен на Голи Оток, за што пишува во својот роман „Деветте круга на пеколот“.[2] Почина на 22 февруари 2006 година.

Книжевно творештво[уреди | уреди извор]

  • Песни (1955)
  • Основоположници на македонската драмска литература (студии, 1972)
  • Војдан Чернодрински (монографија, 1974)
  • Антон Панов (монографија, 1974)
  • Македонската драмска литература (студии, 1976)
  • Македонската драма меѓу двете светски војни (студија, 1976)
  • Илинден и македонската драмска литература (студија, 1983)
  • Низ литературното минато и сегашноста (студии, 1985)
  • Љубов за љубов (монографија, 1994)
  • Деветте круга на пеколот (роман, 2000)

Ги уредил собраните дела на:

Награди[уреди | уреди извор]

Добитник е на наградите: „11 Октомври“ и „Војдан Чернодрински“ и „Златно перо“ за преведувачка дејност.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Друштво на писателите на Македонија“. Архивирано од изворникот на 2010-09-30. Посетено на 2009-12-01.
  2. Јелена Лужина „Замина основоположникот на македонската театрологија“, Утрински Весник“