Александар Абдулов
Од Википедија, слободната енциклопедија
| Александар Абдулов | |
| Роден(а) | Александр Гаврилович Абдулов 29 мај 1953 Тоболск, СССР |
|---|---|
| Починал(а) | 3 јануари 2008 Москва, Русија |
| Занимање | актер |
| Активност | 1974 – 2007 |
Александар Абдулов (руски: Александр Гаврилович Абдулов, роден на 29 мај 1953 во Тоболск - 3 јануари 2008 во Москва) е советски и руски филмски актер.
Абдулов по завршувањето на своето основно училиште сакал да стане спортист, но неговиот татко го охрабрил да стане актер. Дипломирал во ГИТИС, а по ова започнал да работи во театар. Во текот на 1970-тите се појавил во неколку филмови. Во 1977 се учествувал во филмот на Марк Закаров, Дванаесетте столици. Следната година учествувал во филмот Обично чудо, каде се стекнал со популарност.