Алвар Алто
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Алвар Алто | |
| Лични податоци | |
|---|---|
| Име | Алвар Алто |
| Националност | Финец |
| Роден | 3 февруари 1898 |
| Роден во | Куортане, Финска |
| Починал | 11 мај 1978 |
| Починал во | Хелсинки, Финска |
| Алма матер | Хелсиншки технолошки универзитет |
| Дела | |
| Значајни градби | Санаториумот во Паимио Библиотеката во Виборг |
| Значајни проекти | Градски центар на Хелсинки |
| Значајни нацрти | Вазна Савој Столица Паимио |
| Награди | Кралски златен медал на Кралскиот институт на британски архитекти Златен медал на Американскиот институт на архитекти |
Хуго Алвар Хенрик Алто (фински: Hugo Alvar Henrik Aalto) (3 февруари 1898, Куортане - 11 мај 1976, Хелсинки) бил фински архитект, урбанист и дизајнер, понекогаш нарекуван "Таткото на модернизмот" во Нордиските земји. Неговите најпознати дела се од архитектурата, но и од дизајнот на мебел и стакларија.
Приврзаник е на функционализмот и органската архитектура. Најчесто неговите згради на хармоничен начин се вклопуваат со околниот пејсаж, со кој формираат една архитектурна целина. Во склад со традицијата на неговата земја, посебна наклоност имал кон дрвото и тулите како градежен материјал. За повеќе негови згради, тој го има дизајнирано и мебелот.
Работел во Финска, Шведска, САД и други земји. Во родната земја познати негови згради се и зградата на Хелсиншкиот технолошки универзитет на Хелсинки, општинскиот дом во Сјајунатсјало и концертната хала Финландија во Хелсинки. Бил професор на Масачусетскиот институт за технологија (MIT) во Кембриџ, каде и проектирал еден од студентските домови.
External links [уреди]
Галерија [уреди]
-
Аудиториум на Општинската библиотека во Виборг, во 30тите години.
-
Повеќекатница во Бремен, Германија.
-
Зграда на културата во Волфсбург, Германија.
-
Куќата на Луј Каре, Базош сир Гијон, Ивлин, Франција.