Алберт (езеро)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Албертово Езеро)
Алберт
Сателитска снимка од НАСА во 2002 година
Координати1°41′N 30°55′E / 1.683° СГШ; 30.917° ИГД / 1.683; 30.917Координати: 1°41′N 30°55′E / 1.683° СГШ; 30.917° ИГД / 1.683; 30.917
Главни приливиВикториин Нил
Главни истециАлберт Нил
Сливни земјиДемократска Република Конго, Уганда
Најг. должина160 км
Најг. ширина30 км
Површина&100000000000053000000005,300 км2
Прос. длабочина25 м
Најг. длабочина58 м
Зафатнина132[1] км3
Надм. височина615 м
Населени местаБутиаба, Паквач
Наводи[1]

Алберт (англиски: Lake Albert) — едно од Големите езера на Африка. Се наоѓа на границата помеѓу ДР Конго и Уганда.

Езерото е долго околу 145 км, широко е 46 км и има површина од 5,600 км2 што го прави ова седмо езеро по големина. Макималната длабочина изнесува 58 м, а просечната 25 метри.[2] Се наоѓа на надморска височина од 615 метри.[2][3] Должината на бреговата линија е 508 км.[2] Има облик на неправилен трапез, јасно издолжен од југозапад до североисток.

Езеро е дел сложениот систем во горниот Нил. Негов главен извор е реката Викториин Нил која доаѓа од езерото Викторија на југоисток, и реката Семлики која доаѓа од Едвардовото Езеро на југозапад. Неговиот одлив од северозападниот крај на езерото е Алберт Нил кој се вика и Бел Нил каде што влегува во Судан. Благодарејќи на притоките, од кои една извира од езерото Викторија, а другата од Едвардовото Езеро, површината на сливот е голема. Тоа овозможува обилно хранење од вода, правичен воден баланс и обилновлевање на северниот крај. Само на север, езерото е широко отворено.

Јужно од езерото, на нешто повеќе од пола растојание од езерото Едвард, се издига високиот врв Рузвензори, којшто достигнува висина од 5,119 метри.

Прв Европеец кој го отркил езерото е Самуел Вајт Бејкер на 14 март 1864 година.[4] Името го добило по тогаш неодамна починатиот Принц Алберт, маж на Кралицата Викторија, како едно од трите езера (Рудолф, Алберт и Едвард) во источна Африка кои носат имиња на принцеви, така што популарно се викаат Езерата на Принцовите.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 „The Nile“. Архивирано од изворникот на 2007-10-06. Посетено на 2011-07-12.
  2. 2,0 2,1 2,2 „Lake Albert | AGLI“. www.africangreatlakesinform.org. Посетено на 2022-02-01.
  3. „Lake Albert | Lake Albert | World Lake Database - ILEC“. wldb.ilec.or.jp. Посетено на 2022-02-01.
  4. Dorothy Middleton (2004). „Baker [née von Sass], Florence Barbara Maria, Lady Baker (1841–1916)“. Оксфордски речник на национални биографии (online. изд.). Oxford University Press. doi:10.1093/ref:odnb/42346.CS1-одржување: ref=harv (link) (бара Претплата или членство во британска јавна библиотека .)