Акутност

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пример за акутна состојба: инфициран враснат нокт кој покажува црвенило и оток, знаци карактеристични за акутно воспаление.

Во медицината, акутна е онаа состојба која има нагол почеток, брзи промени, тежок тек или релативно кратко траење.[1][2] Поимите „акутен“, „акутна“ или „акутно“ се користат за опис на медицински состојби кои ги покажуваат претходно наведените карактеристики. Примери за ова се акутно воспаление, акутна срцева декомпензација, акутна леукемија и други. Ова се разликува од хронична состојба, која се карактеризира со долго траење. За некои здравствени работници, акутен процес е оној кој се развива во период од 1 до 3 дена, а хроничниот процес се развива подолго од 2 недели.[3]

Субакутна е онаа состојба која се наоѓа меѓу акутна и хронична, со помалку брз почеток и помалку изразени промени во споредба со акутна состојба,[2] односно претставува процес кој се развива за време подолго од она на акутен процес (1-3 дена), а пократко од она на хроничен процес (2 недели).[3] Исто така, како „субакутен“ се опишува текот на болест или друга абнормална состојба, присутна кај лице кое изгледа клинички здраво.[3] Во овој случај, состојбата може да биде препознаена или откриена преку лабораториски тест или радиолошко испитување.

Поврзано[уреди]

Портал „Медицина

Наводи[уреди]

  1. Ehrlich, Ann; L. Schroeder, Carol (2009). „1. Introduction to Medical Terminology“ (на англиски). „Medical Terminology for Health Professions“ (6. издание). Delmar Cengage Learning. стр. 13. ISBN 978-1-4180-7252-0. 
  2. 2,0 2,1 „Subacute definition“ (на англиски). „Medterms“. MedicineNet. 2012. http://www.medterms.com/script/main/art.asp?articlekey=6875. конс. 28 август 2012. 
  3. 3,0 3,1 3,2 „Subcute“ (на англиски). „Free Online Medical Dictionary, Thesaurus and Encyclopedia“. Farlex, Inc. 2012. http://medical-dictionary.thefreedictionary.com/subacute. конс. 28 август 2012. </ref>