Акредитив

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Акредитивот (англиски: Letter of Credit, L/C) е банкарски инструмент со кој една банка по налог на својот коминтент дава налог на друга банка да му стави на располагање на лицето означено на акредитивот, одреден паричен износ во одреден рок.

Отворањето на акредитиви се смета за многу сложена банкарска операција каде особено треба да се внимава на точно прецизирање на условите на акредитивот, документите, обезбедувањето и сл. Отворањето акредитив значи вклучување во меѓународните плаќања, па затоа е потребно крајно професионално банкарско однесување.При постоење непознатост и недоверба меѓу продавачот и купувачот, препорачлив е акредитивот како инструмент за плаќање.[1]

Видови акредитиви[уреди]

  • Неусловени акредитиви се оние акредитиви во кои корисникот на акредитивот може да го користи акредитивот без обврска да исполни некои услови.
  • Условени акредитиви се оние акредитиви во кои корисникот на акредитивот може да го користи акредитивот по исполнувањето на одредени услови наведени во акредитивот.
  • Отповикливи акредитиви се оние акредитиви кои налогодавателот може да ги отповика, односно откаже во секое време.
  • Неоповикливи акредитиви се оние акредитиви во кои налогодавателот не може да ги откаже по своја волја, без да се согласи со тоа корисникот на акредитивот.
  • Документарен акредитив се нарекува оној акредитив чие исплатување е условено со презентирање на одредени документи кои се наведени во акредитивот. Такви документи, се на пример, фактури, коносмани, товарни листови и сл.[2]

Наводи[уреди]

  1. Љубе Трпески, Банкарство и банкарско работење, Скопје 2009,стр.426.
  2. Љубе Трпески, Банкарство и банкарско работење, Скопје 2009,стр.425.