Аквинк

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Урнатини во Аквинкум.

Стариот град Аквинк (латински: Аquincum) се наоѓал на северно-источните граници на римската провинција Панонија во состав на Римското царство. Остатоците од градот денеска можат да се најдат во Будимпешта, главниот град на модерна Унгарија. Се верува дека Марко Аурелиј има напишано дел од своите книги Медитации во Аквинк.

Основан како келтска населба, Аквинк служел како војна база кога бил дел од римскиот заштитен систем наречен „лимес“. Околу 41-54 година, силна коњаница од околу 500 единици пристигнала и една римска легија од 6000 мажи била стационирана на ова место во 89. Градот почан да расте и да се разивава околу тврдината и откако Панонија била реорганизирана од Римјаните во 106 година, Аквинкум станал главен град на Долна Панонија. Градот имал од 30,000 до 40,000 граѓани кон крајот на 2 век и зафаќал значаен дел од областа денеска позната како округ Обуда како дел од Будимпешта. Урнатини од стариот римски град може да се видат и во други делови на Будимпешта исто така, најзначајни се Контра-Аквинк и амфитеатарот.

Луѓето кои живееле во градот можеле да уживаат во успесите на царството во што спаѓале куќи со централни греења, бањи, палати или амфитеатри за социјални настани.

Надворешни врски[уреди]

Галерија[уреди]