Аквамарин
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Аквамаринот (лат. aqua marinā, морска вода) e транспарентен полускапоцен камен, кој е еден од вариететите на берилот. Има плава или тиркизна боја и личи на бојата на морето. Бојата може да му варира, така што жолтиот берил се нарекува хелидор, розевиот морганит, а белиот гошенит.
Најголемиот аквамарин е пронајден во 1910 год. во Марамбаја во Минас Жераис во Бразил. Тежел 110 kg, долг 48,5 cm и со пречник од 42 cm.
[уреди] Скапоцените камења и нивното влијание на човекот
Скапоцените камења можат да влијаат на состојбата на човечкиот ум и тело. Ако се носат на телото или во близина на телото моќта на камењата влијаат на лечење или ублажување на психичките и физичките проблеми. Сината боја на аквамаринот го поттикнува чувството на верност и постојаност и е поттик за длабоки размислувања. Симболизира надеж, здравје, младешка виталност и вредност. Римските морепловци верувале дека аквамаринот носи среќа на море и ја спречува морската болест.
[уреди] Скапоцените камења и хороскопските знаци
Се смета дека за секој хороскопски знак постои скапоцен камен кој му одговара. Така аквамаринот е камен кој се препорачува за следниве хороскопски знаци: бик, близнаци, скорпија, водолија и риби.
[уреди] Надворешни врски
perlenoire.mk (македонски)
