Акаши-Каикио (мост)

Од Википедија, слободна енциклопедија

Скокни на: навигација, барај

Координати: 34°36′59″N, 135°01′13″E


Мостот Акаши-Каикио од воздух со градот Акаши во позадината.
Мостот Акаши-Каикио од воздух со градот Акаши во позадината.

Мостот Акаши-Каикио (јап. Akashi Kaikyō Ō-hashi, 明石海峡大橋 ) во Јапонија бил завршен во 1998 и е најдолг висечки мост на светот (мерено по должината на средниот распон). Тој ги поврзува градот Кобе на островот Хоншу и Иваја на островот Аваџи, премостувајќи го протокот Акаши. Преку мостот минува автопатот Хоншу-Шикоку.

Градбата на мостот започнала во 1986 Мостот има 3 распони: средниот е широк 1.991m, а двата крајни по 960m. Вкупната должина е 3911m. Првобитно било планирано средниот распон да биде 1990m, но земјотресот во Кобе од 1995 го зголемил растојанието помеѓу веќе изградените кули за 1m.

Мостот има две платформи, една над друга, секоја за сообраќај во три ленти во еден правец. Тој може да издржи ветрови до 286km/h и земјотреси до 8,5 степени по Рихтеровата скала. Кулите на мостот се високи по 298m, и внатре содржат инерциони клатна кои осцилираат со резонантната фреквенција на мостот, за да ги придушат осцилациите.[1]

Мостот чинел околу 5 милијарди долари, и се очекува да се отплати од мостарината која изнесува околу $23. Околу 23.000 возила дневно минуваат преку мостот.

[уреди] References

  1. Megastructures. National Geographic for Channel Five.
Лични алатки