Акантоди

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Акантодите или понекогаш не сосема правилно нарекувани бодликави ајкули (Acanthodii) образуваат класа на изумрени риби кои имале особини како на `рскавични, така и на коскени риби. Во суштина, телото им било ајкуловидно, но нивниот епидермис бил препокриен со ситни ромбоидни плочички, слично како кај холостеите. Тие би можеле да бидат независна филогенетска гранка на риби кои еволуирале од помалку специјализираните форми блиски до денешните `рскавични риби.

Особини[уреди]

Акантодите имале `рскавичен скелет, но нивните перки имале широка, коскена основа и биле засилени од нивната предна маргина со дентинска боцка.

Најраните акантоди биле морски форми, но за време на Девон се појавиле и доминирале слатководни видови. Тие се разликуваат во два погледи: тие биле најраните `рбетници со вилица и имале дебели боцки кои ги потпирале нивните перки, правејќи ги неподвижни (како ајкуловата грбна перка).