Аеро археологија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Аеро археологијата е наука за археолошки остатоци со нивно испитување од височина со помош на фотографија. Предностите на аерофотографии на археолози се разновидни.

Археолошкиот карактеристики можат да бидат повеќе видливи од воздух отколку на земја. Во умерените делови на Европа, распознавањето од воздух е еден од најважните начини преку кои се откриваат нови археолошки локалитети. Мали ситни разлики во временските услови на земјата предизвикуваат да се појават затскриените карактеристики кои можат да се нагласат со голем број на фактори и потоа да бидат гледани од воздух:

Мали разлики во нивото на теренот ќе предизвикаат сенки кога сонцето е ниско и ова најдобро може да се види од авион. Тие се познати како затемнети маркери.

Закопаните ровови ќе содржат повеќе вода а закопаните ѕидови ѕидови ќе содржи помалку вода отколку непретумбаната земјата, и овој феномен меѓу другото, овозможува житните култури да растат подобро или полошо, повисоко или пониско, над различен тип на земјата и со тоа ги дефинираат карактеристиките кои се закопани но се очигледни кај разликите во бојата на фотографијата. Таквите ефекти се нарекува растителни маркери.

Исто така во текот на зимата може да се појави мраз кај изораните полиња каде што водата природно се акумулира вдолж линиите на закопаните структури. Тие се познати како ледени маркери.

Малите разлики во бојата на почвата помеѓу природните наслаги и археолошките локалитети, кај изораните полиња може да се покаже како почвен маркер.

Во пионерите на аеро археологијата се вбројуваат: Роџер Агаш во северна Франција, Антоан Појдебард во Сирија и Крафорд во Англија.

Види исто така[уреди]

Надворешни врски[уреди]