Аерофон

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Аерофон (грч.: ἀήρ="воздух" и φωνή="глас") е група музички инструменти кои произведуваат звук пред се со вибрирање на воздухот во нивното тело [1], без употреба на жици или мембрани. Тоа е една од четирите главни групи на инструменти во класификацијата на оригиналната шема на музички инструменти на Хорнбостел-Сакс.

Хорнбостел-Сакс ги дели аерофоните според тоа дали воздухот кој вибрира е содржан во инструментот или не.

Првата група (41) ги вклучува инструментите каде воздухот кој вибрира не се содржи во самиот инструмент и таквите инструменти се нарекуваат слободни аерофони. Во оваа група се вклучени инструментите како што е хармониката, како и многу инструменти кои по грешка од повеќето луѓе се нарекуваат дувачки инструменти, како што се сирената и камшикот.

Втората група (42) ги вклучува инструментите каде воздухот кој вибрира се содржи во самиот инструмент и таа ги вклучува скоро сите инсгтрументи кои генерално се нарекуваат дувачки - вклучувајќи гo дидгеридуто, на исток, и блех инструментите, на запад, како што се флејтата, обоата и тромбонот.

Покрај тоа, многу силни звуци можат да бидат произведени со звучна експлозија во внатрешноста на звучните шуплини. Инструментите како што е калиопата (свирче на пареа), како и пирофонот можат да се вклучат во втората група.

Наводи[уреди]