Аеродром Софија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Преработка од 08:31, 25 јули 2009; направена од Brest-bot (разговор | придонеси) (Бот менува: Август -> август, Декември -> декември, Декември -> декември)
Аеродром Софија
Летище София (Враждебна)
Sofia International Airport
{{{name}}}
Општо
Писти
Правец Должина Површина
ft m
09/27 11,811 3,600 Асфалт

Аеродромот во Софија (IATA: SOF, ICAO: LBSF) (Бугарски: Летище София) е најголем аеродром во Бугарија. Во 2006 година беа услужени околу 2.2 милиони патници и 2.7 милиони патници минатата година.

Историја

Аеродромот најпрво беше изграден во доцните 30-ти години од минатиот век на околу 6.3 километри од центарот на Софија. За време на втората светска војна, аеродромот беше користен од армијата. Цивилниот сообраќај започна во 1947 година. Терминалот 1 беше изграден за време на втората светска војна, во манир на модерен европски аеродром од тоа време од архитектот Иван Марангозов. Структурата на терминалот состоеше владино крило на западната страна од терминалот, делот за меѓународни летови бил на средината, а делот за летови во границите на Бугарија бил во источното крило на терминалот. Во средината на 60-тите години од минатиот век започнаа планови за надградба на аеродромот. Имаше неколку планови, меѓу кои и да се изгради нов аеродром на оддалеченост од 70 километри од центарот на Софија. Сепак, официјалните лица се решија за проширување на сегашниот аеродром. Проектот кој беше планиран во средината на 60-тите години, сепак беше реализиран кон крајот на 80-тите години со изградба на нов терминал, нова писта, паралелна со сегашната. Финансиски пакет, во најголем дел од Европската Унија и Кувајт беше договорен во 1998 година, додека работите започнаа во 2001 година. Новиот терминал беше официјално пуштен на 27 декември 2006 година.

Реконструкција на аеродромот

Во согласност со планот за реконструкција, беа изградени нов терминал и нова писта. Постоечката писта беше претворена во патека за таксирање. Вкупната инвестиција беше околу 200 милиони евра, финансии кои беа обезбедени во 1997-98 година од страна на Европската инвестициона банка, Кувајтскиот фонд за развој на арапската економија и ФАРЕ програмата. Реконструкцијата започна напоредно на две работи: новата писта и новиот терминал. Новата писта беше отворена во август 2006, додека новиот терминал во декември 2006.

Транспорт до аеродромот

Автобус

Две автобуски линии поминуваат покрај аеродромот во Софија. Времето на патување е околу 20 минути во зависност од сообраќајниот метеж. Од/До терминаот 1 сообраќа автобусот број 84, додека од/до терминалот 2 сообраќа автобусот број 284. Цената на една автобуска карта е 1 лев(околу 30 денари).

Такси

Такси превоз е достапен од двата терминали, 1 и 2. Цената до центарот на Софија е од 5 до 8 лева(150 до 250 денари), во зависност од сообраќајниот метеж.

Терминали

Терминал 1

Терминалот 1 беше изграден во првата половона на 20-тиот век, и во моментот воглавно се користи од нискобуџетните авиокомпании кои сообраќаат од аеродромот.

Терминал 2

Терминалот 2 беше официјално отворен на 27 декември 2006 година и беше еден од најголемите проекти во Бугарија со пари од Европската Унија. На терминалот постојат 7 порти за авионите, 38 шалтери за чекирање и покрива површина од околу 50,000 квадратни метри.

Авиокомпании и дестинации

Терминал 1

Терминал 2

Статистика на аеродромот

Сообраќај на аеродромот во Софија
Година Патници Карго(тон) Полетувања/Слетувања
2000 1,127,400 11,004 24 785
2001 1,107,682 10,380 21 860
2002 1,214,137 12,480 24 212
2003 1,356,569 13,754 25 518
2004 1,614,139 14,468 28 700
2005 1,874,368 14,724 32 184
2006 2,209,348 15,244 38 123
2007 2,746,178 17,388 43 075
2008 (01.01-31.08) 2,168,869 12,147 23 369 (01.01-30.06)