Аеродром Риген

Од Википедија — слободната енциклопедија
Аеродром Риген/
Аеродром Гитин

Flugplatz Rügen/
Regionalflugplatz Güttin
Општо
Аеродромски видјавен
ОператорOstsee-Flug-Rügen GmbH
Отворен1982
Надм. височина69[1] ст / 21 м
Писта
Правец Должина Површина
ст м
08/26 2.952 900 асфалт


Аеродром Риген (германски: Regionalflugplatz Rügen; исто така познат како Аеродром Берген или Аеродром Гитин) (ICAO: EDCG[1]) — единствен аеродром на германскиот остров Риген во Балтичкото Море. Аеродромот се наоѓа во општината Дрешвиц, во селото Гитин, околу 8 километри јужно од градот Берген веднаш со сојузниот автопат Б96. Употребата на асфалтната писта е задолжителна за авиони со максимална тежина од 5/7 тони. Може да прифаќа авиони и ноќно време.

Пристап[уреди | уреди извор]

Патен[уреди | уреди извор]

Аеродромот се наоѓа на само неколку стотици метри од сојузниот автопат Б96.

Железнички[уреди | уреди извор]

Аеродромот се наоѓа во близина на железничката линија од Штралзунд преку Берген до Засниц/Бинц. Најблиската станица на оваа линија е Тешенхаген, на помалку од 3 километри. Во Тешенхаген постојат возови на секој час до Штралзунд и до Берген на Риген. Исто така постојат врски до Росток, Засниц и Бинц.

Историја[уреди | уреди извор]

Почетоци[уреди | уреди извор]

Аеродромот започнал како земјоделски карго аеродром во Гитин со тревна писта. Откако бил исклучително користен за земјоделски летови од 1982 до 1990, во летото 1990 започнале првите летови за разгледување, првично со земјоделскиот авион од типот Лет З-37 и Антонов АН-2.[2]

По 1990[уреди | уреди извор]

Во годините по 1990 биле додадени првите чартер-летови до Борнхолм, Берлин-Темпелхоф и Хамбург. ВО мај 1993, 750-метри долгата тревна писта била заменета со 900 метри долгата асфалтна писта. Во 1995 бил изграден хангар и биле поставена светилки за слетување. Во јули 1998, била изградена нова терминална зграда со контролна кула и ресторан.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Аеродром Риген на www.fallingrain.com. 14 мај 2012.
  2. Flugplatz - Historie на www.flugplatz-ruegen.de. 14 мај 2012.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]