Аеродром Неапол

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аеродром Наполи
Aeroporto di Napoli
Naples Airport
{{{name}}}
IATA: немаICAO: нема
Преглед
Писти
Правец Должина Површина
ft m
06/24 8.622 2.628 Асфалт
Локација на аеродромот

Аеродромот во Неапол (IATA: NAP; ICAO: LIRN) (Италијански: Aeroporto di Napoli) e аеродром кој го опслужува градот Неапол, Италија. Лоциран е на околу 6 километри од центарот на градот, во месноста викана Каподичино. Аеродромот има две терминални згради и е опериран од GE.S.A.C., корпорација која е дел од Британскиот конгломерат ВАА. Наполи, со популација од околу 3 милиони луѓе е еден од ретките големи градови во Европа кој не е база на некоја авиокомпанија. Менаџментот на аеродромот е целосно одговорен за раководење со аеродромот, како и со активности поврзани со воздухопловството како што се: Atitech, Alenia Aeronautica, Aeronavali, Tecnam Costruzioni Aeronautiche. Аеродромот е исто така и воена база за Италијанскате и НАТО воздушни сили.

Историја[уреди]

Месноста Каподичино организираше летачки егзибиции уште во 1910 година. За време на Првата Светска Војна, месноста каде што е сегашниот аеродром се претвори во воен аеродром со цел да се одбрани градот од Австро-Унгарските и Германски воени сили. Посветен на Уго Нуита (Италијански авијатичар), аеродромот беше воена база за време на Фашизмот и Втората Светска Војна. Во текот на Втората Светска Војна аеродромот беше користен од воздушните сили на САД во текот на таканаречената Италијанска кампања. Со комерцијален сообраќај се започна во 1950 година. Во 1980 година GE.S.A.C. ("Gestione Servizi Aeroporto Capodichino") беше назначен да управува со аеродромот. Лиценцата за управување со аеродромот важи до 2043 година.

Авиокомпании и дестинации[уреди]


Транспорт до аеродромот[уреди]

Автомобил[уреди]

Аеродромот е лесно достапен од целиот град преку излезот наречен "Tangenziale", автопат (А56) кој го поврзува градот Наполи со автопатите кои водат кон Рома(А1), Салерно(А3) и Бари(А16).

Автобус[уреди]

Автобуската линија 3Ѕ и Alibus го поврзуваат градот со Piazza Garibaldi и Piazza Municipio. Далечината е околу 7.3 километри. Аеродромот е исто така поврзано со Авелиљо, Беневенто, Касета, Соренто, Салерно и Сере.

Воз[уреди]

Метро Станица се планира да се отвори во текот на 2013 година.

Извори[уреди]

  1. ^ a b EAD Basic, a public access website for the European AIS Database at EUROCONTROL
  2. ^ GE.S.A.C., official site
  3. ^ http://en.wikipedia.org/wiki/List_of_metropolitan_areas_in_Europe_by_population
  4. ^ http://en.wikipedia.org/wiki/Airline_hub
  5. ^ Maurer, Maurer. Air Force Combat Units of World War II. Maxwell AFB, Alabama: Office of Air Force History, 1983. ISBN 0-89201-092-4.
  6. ^ [1]
  7. ^ (Италијански) Autostrade per l'Italia
  8. ^ (Италијански) azienda napoletana mobilità
  9. ^ Taxi fares