Адхезивен капсулитис

Од Википедија — слободната енциклопедија
Адхезивен капсулитис
СпецијалностРевматологија Уреди на Википодатоците

Адхезивниот капсулитис, познат и како замрзнато рамо е честа и болна состојба, која ја спречува нормалната подвижност на рамото. Замрзнатото рамо го намалува нормалното движење на рамениот зглоб, и во некои случаи ги спречува сите движења во рамото.

Етиологија[уреди | уреди извор]

Адхезивниот капсулитис е резултат на оток и вкочанување на флексибилното ткиво, кое го препоркива рамениот зглоб. Ова ткиво е познато под името капсула. Рамениот зглоб ги поврзува горниот дел од надлактицата, коска наречена Хумерус (Humerus), со плешката, наречена Скапула (Scapula). Во случај на замрзнато рамо, тетивите на капсулата формираат лузни, кои предизвикуваат зацврстување, отоци и затегнување.

Симптоми[уреди | уреди извор]

Адхезивниот капсулитис е болна состојба со перзистентна вкочанетост на рамениот зглоб, која ги отежнува секојдневните активности, како што се облекувањето, возењето, спиењето. Некои луѓе, дури, не се во можност да го мрднат рамото, поради тоа што оваа состојба се нарекува замрзнато рамо.

Дијагноза[уреди | уреди извор]

За да се дијагностицира атхезивниот капсулитис, лекарот најпрво мора да го потврди можното постоење на дијабетес мелитус (затоа што замрзнатото рамо е почесто кај дијабетичарите) и ревматска полимијалгија (воспаление на зглобовите и мускулите). По исклучувањето на овие заболувања, потребно е да се направи рендгенска снимка на рамениот зглоб, како и магнетна резонанца.

Лекување[уреди | уреди извор]

Лекувањето на адхезивниот капсулитис варира во зависност од тоа во кој стадиум е болеста, како и од тежината на симптомите. Должината на закрепнувањето е од 18, па сè до 24 месеци. Од терапевтски мерки, ќе се спомнат:

  • Аналгетици (НСАИЛ)
  • Кортикостероидни инјекции
  • Вежби за рамо
  • Физикална терапија
  • Транскутана електрична нервна стимулација (ТЕНС)
  • Операција