Административна поделба на Сао Томе и Принсипе

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на Сао Томе и Принсипе.
Карта на окрузите во Сао Томе и Принсипе.

Административната поделба на Сао Томе и Принсипе ја опфаќа првостепената и второстепената административна поделба на државата. Како првостепена административна поделба се јавуваат покраините, додека како второстепени се окрузите.

Покраини[уреди | уреди извор]

Сао Томе и Принсипе се поделени на две покраини:

  • Сао Томе - најголема покраина и главен град е Сао Томе. Најголем дел од населението на државата живее во оваа покраина. Покраината ги опфаќа островот Сао Томе и околните помали острови.
  • Принсипе - најмала покраина и главен град е градот Санто Антонио. Покраината го опфаќа островот Принсипе со околните помали островчиња.

Окрузи[уреди | уреди извор]

Државата е поделена на седум окрузи, од кои шест се во покраината Сао Томе, а една е во Принсипе.

Поврзано[уреди | уреди извор]