Административна поделба на Намибија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Карта на регионите во Намибија.

Административната поделба на Намибија ги опфаќа локалните единици на кои е поделена државата. Намибија е поделена на 14 региони, а тие се поделени на 121 округ.

Историја[уреди | уреди извор]

Пред да се стекне со својата независност, територијата на денешна Намибија била позната како Југозападна Африка (пред 1885 и во периодот од 1915 до 1989), но и како Германска Југозападна Африка за време на колонизацијата на Германското Царство (1885-1915).

Во периодот кога Намибија била под управа на ЈАР, де факто била сметана за петта покраина на ЈАР. ЈАР и формално побарала Намибија (тогаш „Југозападна Африка“) да биде споена со ЈАР, но тоа било одбиено од страна на ООН.[1] Територијата која станала независна на 21 март 1990 ја наследила административната поделба на „покраината Југозападна Африка“ која била составена од 26 окрузи. Овие окрузи функционирале сè до основањето предлогот за територијална поделба на Првата делиминациска комисија на Намибија, а усвоена и имплементирана во 1992. Од тогаш, Намибија е поделена на региони, кои пак се поделени на окрузи.[2]

Региони[уреди | уреди извор]

Окрузи[уреди | уреди извор]

Регионите на Намибија се поделени на 121 изборни окрузи. Окрузите варираат во големина во однос и на население и површина. Најнаселен округ во Намибија е Валис Беј Урбан, а најслабо населен е Валис Беј Рурал, и двата во регионот Еронго.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Namibia: Apartheid, resistance and repression (1945-1966)“. Electoral Institute for the Sustainability of Democracy in Africa. August 2009. Архивирано од изворникот на 20 April 2011. Посетено на 15 April 2011.
  2. „Composition of the Delimitation Commissions and the major decisions made from 1990 to present“. Election Watch. Institute for Public Policy Research (1): 2. 2013.