Адисон Форбс Монтгомери

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Д-р Адисон Форбс Монтгомери
Dr. Addison Forbes Montgomery
Лик од Вовед во анатомија
Addisonfm.jpg
Кејт Волш како Адисон Монтгомери Шепард
Прво појавување A Hard Day's Night
(Вовед во анатомија)

''The Other Side of This Life''(Приватна пракса)
Последно појавување Piece of My Heart
(Вовед во анатомија)
Причина Заминува од Сиетл за подобра работа и нов живот во Лос Анџелес
Создаден од Шонда Рајмс
Толкуван од Кејт Волш
Информации
Прекар(и) Сатана (Satan), Д-р Жешка (McHottie) (не се користи толку често како кај другите ликови со Mc прекарите) , Таа - Шепард (She-Shepherd)
Алијас(и) Ади (Addie)
Пол Женски
Старост 40
Занимање Нео-натална хирургија, Гинекологија и Обстетиција
Титула Доктор по медицина, F.A.C.S., Доктор по филосовија
Сопружник Д-р Дерек Шепард (разведени)

Адисон Форбс Монтгомери (англиски: Addison Forbes Montgomery) (претходно Montgomery-Shepherd - Монтгомери Шепард) е име на измислен лик од телевизиската серија на ABC Вовед во анатомија. Ликот го толкува актерката Кејт Волш.


Позадина[уреди]

Откриено е дека Адисон е од Конекут. Откриено е исто така дека исто како и Марк Слоун, Адисон доаѓа од богато семејство. Исто така и Адисон како инвидуа е богата не сметајќи го наследството од родителите. Таа поседува три имоти: еден плац во Њу Јорк, куќа во Хамптонс и куќа во Санта Моника. Ричард Вебер има изјавено дека Адисон има плата што може да ја направи една од најплатените хирурзи во САД.

Адисон го запознава својот иден маж, Дерек Шепард на факултет и заедно го поминуваат своето стажанство под надгледност од нивниот сегашен многу добар и близок пријател д-р Ричард Вебер, со кој всушност не зборувала една цела година бидејќи тој ја научил вредна лекција да не се зближува толку многу со пациентите ставајќи ја на случај со пациент кој со сигурност ќе умре. Ади и Дерек двајцата станале многу почитувани и успешни во своите полиња што довело и двајцата да почнат свои пракси во Њу Јорк. Но за жал нивната кариера колку и да напредувала ова се го отуѓило нивниот брак. Откако Дерек ја фаќа како го изневерува со неговиот најдобар пријател Марк Слоун тој го напушта Њујорк и се преселува во Сиетл. Таму ја запознава Мередит Греј со која започнува врска. Адисон потоа доаѓа во Сиетл по наредба од Ричард и ја става на тест врската на Дерек и Мередит со тоа што на Мередит и се преставува како жената на Дерек.

Тие биле во брак единаесет години пред Адисон да го изневери. Споредувајќи ги семејствата на Адисон и Дерек, Дерек има многу браќа и сестри за разлика од Адисон која баш заради тоа и се доверува на Миранда дека никогаш не била потготвена да има деца. Откако таа и Дерек се разделиле, таа останува во Њујорк и живее со Марк цели два месеци, каде таа забременува и го абортира детето на Марк. Врската се прекинала откако Марк почнал да ја изневерува и Ричард ја вика Адисон во првата сезона да му помогне во еден тежок случај, знаејќи дека Адисон и Дерек се во тешка ситуација но незнаејќи ја причината што ги довела до тоа.

Краток преглед[уреди]

Иако Адисон е позната по тоа дека е „тешка“ и често непопустлива, таа покажува и добри особини од нејзиниот карактер од време на време. Таа често тврди дека е најдобра во полињата во кои работи и често им ја повторува својата биографија на луѓето кои се сомневаат во нејзините хируршки вештини.

Како еден од најдобрите хирурзи, Адисон често знае да ги предизвикува своите колеги најчесто Алекс Карев, кој има поминато голем дел од неговото стажанство со неа. Како и да е, таа исто така има и одлично однесување кон пациентите, како Изи Стивенс, е позната по тоа дека премногу се емоционално се врзува со поголем дел од нејзините пациенти. Нејзината татко - ќерка врска со нејзиниот ментор, Д-р Ричард Вебер, отсекогаш и нудела „засолниште“ на Адисон и и помогнало да открие некои од нејзините несигурности.

Таа одлучува да остане искрена со нејзиниот бивши сопруг и признава дека има грижа на совест поради аферата со Марк Слоун. Нејзиниот љубовен живот е често проблематичен и не е навикната на долги врски.

Хируршки вештини[уреди]

Историја на ликот[уреди]

Вовед во анатомија[уреди]

Прва сезона[уреди]

Втора сезона[уреди]

Трета сезона[уреди]

Третата сезона почнува дента по матурската вечер. Адисон излегува од бањата и наоѓа женска долна облека во приколката. Во тој момент сфаќа дека меѓу неа и Дерек е готово. Оди на работа каде работи на еден случај со бебе најдено во континјер. Во овој случај и помага Алекс што ни кажува дека останал сѐ уште во нејзиниот одел. На крајот на епизодата Адисон убаво испегланите гаќички ги закачува на огласната табла во болницата со знак „изгубено-најдено“.

Четврта сезона[уреди]

Приватна пракса[уреди]

Прва сезона[уреди]

Втора сезона[уреди]