Адам Ѓерѓ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Адам Ѓерѓ
György Ádám

Адам Ѓерѓ во 2011
Биографски податоци
Роден(а) јануари 28 1982 (1982-01-28) (32 г.)
Потекло Унгарија
Жанрови Класика
Занимања Пијанист
Инструменти Пијано
Мреж. место www.adamgyorgy.com

Адам Ѓерѓ (унгарски: György Ádám) (роден во 1982 година во Унгарија) е професионален унгарски пијанист. Неговата кариера почнала кога тој имал четири години. Додека учел под Каталин Халмаѓи, бил примен во Конзерваториумот „Бела Барток“ во Будимпешта во 1994 година. Во 1998 година победил на Националниот натпревар на млади пијанисти, а во 2000 ја добил наградата за најдобар пијанист на Унгарија за таа година. Од 2000 до 2006, Ѓерѓ одел на Музичката академија „Франц Лист“ во Будимпешта и учел кај професорите Ѓерѓ Надор и Балаш Рети. Моментално работи на докторат на академијата „Франц Лист“ (2012).

Меѓународни награди[уреди]

  • 2004 – Меѓународен натпревар
  • 2003 – Меѓународен натпревар во Сан Ремо
  • 2002 – Виенска награда за класика
  • 2000 – Музичката академија „Франц Лист“ во Будимпешта
  • 1998 – Натпревар за млади пијанисти на Унгарија

Поважни изведби[уреди]

Снимки[уреди]

  • Ádám György, Concert in Budapest (2005)
  • Ádám György, Plays the Piano (2006)
  • Ádám György, Plays Bach and Mozart (2008)
  • Ádám György, Live in Budapest (DVD HD) (2008)
  • Ádám György, Live in Budapest, BLU-RAY (2009) [1]

Печат[уреди]

Наводи[уреди]

  1. е-продавница на Адам Ѓерѓ“ (конс. 20 февруари 2011).

Надворешни врски[уреди]