Аграрна реформа

Од Википедија — слободната енциклопедија

Аграрна реформа е промена во земјишните имотни односи и на имотната структура со интервенција на државата. Аграрната реформа е една од најзначајните мерки на аграрната политика, затоа што ги решава клучните прашања на аграрната структура. Се јавува во услови на стопанска неразвиеност и аграрна пренаселеност.

Светската банка ја евалуира аграрната реформа според пет димензии:

  • (1) цена и либерализација на пазарот,
  • (2) имотна реформа,
  • (3) агро-преработка и снабдување на доводни канали,
  • (4) рурални финансии и
  • (5) пазарни институции.[1]

Аграрната реформа во РМ[уреди | уреди извор]

Со Законот за аграрна реформа и колонизација (1945) се извршило ликвидирање и експропријација на капиталистичките стопанства при што имотот бил ограничен на 35 ха вкупна површина кај земјоделците и на 3 ха кај неземјоделците. Со Законот за земјоделскиот земјиштен фонд (1953) бил ограничен аграрниот максимум на 10 ха кај земјоделците и на 3 ха кај неземјоделците. Земјишниот максимум бил укинат во 1988.[2]

Извор[уреди | уреди извор]

  1. Csaba Csaki and John Nash, The Agrarian Economies of Central and Eastern Europe and the Commonwealth of Independent States, World Bank Discussion Paper 387, Washington, DC, 1998.
  2. Македонска Енциклопедија. Скопје, Македонија: Македонска академија на науките и уметностите. 2009. стр. 14. ISBN 978-608-203-023-4.