Автотрансформатор

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Автотрансформаторот[1][2][3][4][5] е посебен вид на трансформатор, со една фазна намотка кај коj дел од намотката припаѓа истовремено и на примарниот и секундарниот систем. Префиксот „авто-“ во името се однесува на постоењето на единечна намотка, а не на некаков автоматизиран механизам во трансформаторот. Кај автотрансформаторите постојат најмалку 3 електрични приклучоци. Едниот крај на намотката е најчесто поврзан со напонски извор и со електричното оптоварување додека другиот крај на напонскиот извор и електричното оптоварување се приклучени низ должината на намотката. Во зависност од тоа како ќе се изведат приклучоците, автотрансформаторите, исто како и двонамотните трансформатори, можат да го снижуваат или повишуваат напонот (да вршат претворање на висок во низок напон, или обратно за претворање на низок во висок напон).

Содржина

[уреди] Шема на автотрансформатор

Tapped autotransformer.svg

На сликата е прикажана шема на еднофазен трансформатор. На неа јасно се гледаат намотките кои припаѓаат на примарната намотка која се приклучува на мрежата за напојување на примарниот напон. Како секундарна намотка кон која се приклучуваат потрошувачите служи само еден дел од примарната намотка , при што излезните краеви од двете намотки се поврзани во заедничка точка.

[уреди] Режим на празен од

Режимот на празен од на автотрансформаторите по ништо не се разликува од соодветниот режим на трансформаторите, примарната намотка се прилклучува на електрична мрежа, а секундарната намотка се остава отворена т.е. без оптоварување (I_s=0). Режимот на празен од служи за определување на коефициентот на трансформација на автотрансформаторот. Тој е определен со релацијата: k_a=N_1/N_2 Каде што N_1 е бројот на навивки на примарната намотка, а N_2 е бројот на навивки на секундарната намотка.

[уреди] Режим на куса врска

Во режим на куса врска, примарната намотка на автотрансформаторот се приклучува на мрежа и низ неа протекува струја I_p, додека секундарните краеви се поврзуваат накусо и помеѓу нив протекува струја I_s. Овој режим служи за докажување на двокомпонетнтноста на струјата I_s која тече во секундарното коло: првата компонента е I_p која протекува само од примарната мрежа и втората Isp која протекува во заедничкиот дел на намотката.

[уреди] Типови автотрансформатори

Во зависност од бројот на фазни намотки, автотрансформаторите можат да бидат изведени како еднофазни и трифазни автотрансформатори. Разликата мегу примарниот и секундарниот напон при трансформацијата, се движи од 10%-50% кај постарите трансформатори, па сè до 75% и повеќе кај поновите, и тоа се должи поради подобрата изолација. Од конструктивен аспект, автотрансформаторите се поедноставни од двонамотните трансформатори. Исто така, од економски аспект се поевтини, како при производство така и при експлоатација.

[уреди] Наводи

  1. Paul Horowitz and Winfield Hill, The Art of Electronics Second Edition, Cambridge University Press, Cambridge MA, 1989, ISBN 0-521-37095-7, page 58
  2. "Електрични машини I" – инж. Љ. Стојковиќ
  3. "Трансформатори"– инж.Бранко Митраковиќ
  4. "Еlectrical Machines I" – Prof Krishna Vasudevan
  5. "Високонапонски ресклопни постројки" – Хрвоје Пожар
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици