Автономна Македонија (белградски весник)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Автономна Македонија
Насловна страница
СопственикГеорги Герџиковиќ
УредникГригорие Хаџи Ташковиќ
Основан12 октомври 1905
Политичка определбареволуционерен
Јазиксрпски и француски
Престанал14 декември 1905
СедиштеБелград
Страницанема

Автономна Македонија (La Macédoine autonome). - неделен неофицијален орган на македонскиот клуб во Белград.[1] Поднасловно мото: „Балканот на балканските народи – Македонија на Македонците“ (Гледстон). Главен уредник Григорие Хаџи Ташковиќ (со потекло од Воден), сопственик и одговорен уредник Ѓорѓе Ѓерѓиковиќ (со потекло од Гевгелија), а меѓу соработниците се и Ј. Велиќ, А. Атанасов и Е. Спостранов. Весникот излегува на српски јазик (со уводниците и на франциски), со програмска концепција во првиот број со поднаслови:

1. „Идејата за автономија на Македонија под гаранција на големите сили и малите балкански држави.“

2. „Македонското прашање не е националистичко прашање; тоа не е национално прашање на ниедна од балканските држави, секоја од кои го смета како такво за себе и со тоа го прави невозможно неговото решение; тоа е политичко прашање на сите христијански народи што живеат во Македонија.“

3. „Идејата за Балканска конфедерација со Македонија како нејзин член.“

Кога издавачите формираат јадра и во Македонија и воспоставуваат личен контакт со раководството на ТМОРО за учество како посебна македонска група на престојниот Рилски конгрес, во Белград настануваат улични демонстрации и доаѓа до смена на владата. По вербалните и физичките напади и застрашувања, по број 12 весникот престанува, а уредниците издавачи мораат да ја напуштат Србија. Така е задушен и Македонскиот клуб и разнебитена организационата структура во земјата и во странство.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. 2000. стр. 12. ISBN 9989-624-46-1. На |first= му недостасува |last= (help)