Авни Абдулах

Од Википедија — слободната енциклопедија

Авни Абдулах (турски: Avni Abdulah) роден на 3 мај 1948 Призрен, Косово е раскажувач и романописец од турската националност во Македонија.

Животопис[уреди | уреди извор]

Авни Абдулах завршил Германски колеџ во Истанбул, Турција и Педагошки факултет во Скопје. Бил лектор, новинар и уредник во редакцијата на „Бирлик“ при НИП „Нова Македонија“. Член на ДПМ од 1988 година. Автор е на книгите: По патот на војната (роман, 1976), Мајчиното срце (раскази, 1977), Тој најубав ден (раскази, 1986), Ноќ со полна месечина (раскази, 1992).[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Македонски писатели, Друштво на писатели на Македонија,2004, стр. 18.