Авионска несреќа кај Бишкек (24 август 2008)

Од Википедија — слободната енциклопедија

Авионската несреќа кај Бишкек се случи на 24 август 2008 (20:30 по месно време) кај Меѓународниот аеродром Манас во близина на градот Бишкек, на авион од типот Боинг 737-200 користен од ккомпанијата Itek Air, а позајмен од иранската авиокомпаија Aseman Airlines којшто под чартер лет бр. 6895 леташе на релација Бишкек- Техеран.

Причини за несреќата[уреди | уреди извор]

Причините за несреќата се нејасни, но властите во Киргистан негираат дека станува збор за терористички напад. Според Тахон Мамитов, советник на претседателот на Киргистан, на бродот се наоѓал сензор кој се огласил како предупредување за патниците да го напуштат авионот. Во 10 минути екипажот изјавил дека има недостиг од притисок и решил да го врати авионот во Бишкек. Но, на 2 km од аеродромот се јавиле турбуленции и авионот се заковал во земја и се запалил.[1]

За разјаснување на причините за несреќата работи и Меѓународниот воздухопловен комитет.[2]

Патници и екипаж[уреди | уреди извор]

На авионот во моментот на несреќата се наоѓале 83 патници и 7 членови на екипажпот. Екипажот го сочинувале 2 пилота, 4 стјуардеси од авиокомпанијата Itek Air и менаџер од компанијата Aseman Airlines. Меќу патниците на авионот била и одбојкарска репрезентација на Киргистан.

Државјанство Патници Екипаж Вкупно Преживеани
Киргистан Киргистан 24 6 30 11
Иран Иран 53 1 54 10
 Казахстан 3 3
Народна Република Кина НР Кина 1 1
 Турција 1 1
Канада Канада 1 1
Вкупно 83 7 90 21

За авионот[уреди | уреди извор]

Авионот Боинг 737-200 со регистрација ЕХ-009 бил во употреба од страна на киргистанската авиокомпанија Itek Air, но бил позајмен од сопственичката компанија Aseman Airlines. Авионот бил пуштен во употреба во 1979 година, а последната контрола била извршена во мај 2008.[3]

Како и сите киргистански авиокомпании, Itek Air се наоѓа на „црната листа“ на Европската Унија за лет на нејзина територија.[4]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Властите во Киргистан велат дека терористички напад немало на авионот Боинг 737
  2. Разјкаснувањето на причините за несреќата ќе го извршат руски експерти
  3. На бродот се наоќал 51 странец
  4. „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-03-06. Посетено на 2008-08-25.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]