Аватар (филм од 2009)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Аватар (филм))
„Аватар (Avatar)“
Официјален постер
РежисерЏејмс Камерон
ПродуцентЏејмс Камерон
СценаристЏејмс Камерон
Главни улогиСем Вортингтон
Зои Салдана
Мишел Родригес
Сигурни Вивер
Жанрдрама
КинематографијаМаури Фиоре
Дистрибутер20th Century Fox
Премиера10 декември 2009 Обединето Кралство Обединето Кралство
Времетраење162 мин.
Земја САД
Јазиканглиски
Буџет$237 милиони
Бруто заработка$2,922,917,914[1][2]
СледенАватар: Патот на водата

Аватар (некогаш познат и како Аватар на Џејмс Камерон, а во 3Д-светот познат како Аватар: IMAX 3Д-искуство[3]) — епски научнофантастичен филм на режисерот Џејмс Камерон. Аватар спаѓа во еден од најочекуваните филмови во првата деценија на новиот милениум, а со буџетот во износ од 237 милиони долари, спаѓа во најскапите филмски проекти на сите времиња[4].

Аватар е дело на Камерновата продуцентска куќа Лајтсторм ентeртејнмент. Дистрибуцијата на филмот ја работи „Фокс“, а светската премиера беше на 16 ноември 2009. [5], чие прикажување беше во 2Д и 3Д техника, како и во IMAX 3Д само во посебни кино центри.

На својата премиера, Аватар заработи од продажбата на картите милиони долари, соборувајќи ги сите рекорди за еден оригинален филм. Филмот достигнува рекордна гледаност и огромна заработка, влегувајќи во списокот на најпрофитабилни филмови некогаш снимени. Критичарите го фалеа филмот и посебно ги истакнуваа неговите компјутерски ефекти. Номиниран е за голем број награди, вклучувајќи и Златен глобус и Оскар, а добитник е и за Златен Глобус во категоријата за “најдобар филм“, а и за неговото остварување за “најдобар режисер“.

Кратка содржина[уреди | уреди извор]

Џејк Сали (Сем Вортингтон) е поранешен маринец, ранет во претходни борби на Земјата и парализиран од половината надолу. Тој е одбраниот да учествува во програмата Аватар што ќе му овозможи повторно да прооди. Џејк патува на Пандора, вонземна месечина прекриена со џунгли, која му е дом на Нејви, чувствителен хуманоид, физички многу посилен од луѓето, иако се чини примитивен. Висок три метри, со опаш и со блескава сина кожа, Нејви живее во хармонија на недопрениот свет. Луѓето, не можејќи да дишат на Пандора, создаваат генетски хибрид - Аватар - контролиран од човечка технологија. Џејк ќе прооди на Пандора низ неговото ново Аватар тело. Но, запознавајќи ги најблиските на Нејви, Џејк ќе се најде во дилема на чија страна да застане во епската битка која треба да одлучи за иднината на светот.

Извори[уреди | уреди извор]

{{|2}}

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  1. „Avatar (2009) – Box Office Mojo“. Box Office Mojo. Internet Movie Database. Посетено на 6 февруари 2010.
  2. „Avatar“. The-Numbers. Nash Information Services. Посетено на 26 јануари 2010.
  3. Аватар, IMDb
  4. Филмскиот буџет, Њујорк Тајмс
  5. Датуми на емитување на Аватар, IMDb