Аалборг

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аалборг
Плоштадот во Аалборг

Амблем

Грб
Аалборг се наоѓа во Данска
Аалборг
Локација во Данска
Координати: 57°03′ СГШ 9°55′ ИГД / 
Управа
 • Mayor Хенинг Јенсен
Површина
 • Урбана 139 км2
 •  1.144 км2
Надм. вис. 5 м
Население (2012)
 • Град 126.556 жит.
 •  201.142
Час. појас Средноевропско време (UTC+1)
Поштенски кодови 9000, 9008, 9020, 9100, 9200, 9210, 9220, 9400
Портал http://www.aalborgkommune.dk/

Аалборг е четврти град по големина во Данска и најголем град во северниот дел на државата. Градот претставува седиште на покраината Северна Данска, а воедно и нејзин најголем град, каде со околните населени места сочинува општина, општина Аалборг. Денес Аалборг има околу 125.000 жители во градот и околу 200.000 жители во поширокото градско подрачје. Аалборг во меѓународните кругови е познат по далеку прочуениот Олборшки Универзитет.

Природни услови[уреди]

Аалборг се наоѓа во северниот дел на Данска. Од главниот град, Копенхаген, градот Аалборг е оддалечен некаде околу 410 километри северозападно.

Релјеф

Аалборг се наоѓа во северниот дел на данскиот полуостров Јитланд. Градот се формирал на сливот на некогашната река Лим во Северното Море (Категат). Градското подрачје е рамничарско. Средната надморска височина на градот е измеѓу 0 и 25 метри.

Клима

Климата во Аалборг е умерено континетална, со влијание на Атлантикот и топлата Голфска струја.

Води

Аалборг се формирал на сливот на некогашната река Лим во Северното Море (Категат). Долниот дел на текот на реката доживеал провалија на морето во 1825 година, после што на тоа место е формирана големта делта и заливот Лимски Фјорд. Реката Лим го дели градот на голем, јужен и мал, север дел.

Население[уреди]

Денес Аалборг има околу 125.000 жители во градските граници и околу 200.000 жители со околните населени места во градот.

Етнички состав

Населнието на Олборг до пред неколку децении беше целосно етнички данско. Меѓутоа, многубројни доселеници од останатите странски земји го измениле етничкиот состав на населението.

Стопанство[уреди]

Традиционалните гранки на стопанството на Аалборг денес се многу застапени. Риболовот е основната професија на овие луѓе. Постојан и фабрики за цемент, тутун, текстил, хемиски препарати, жестоки алкохолни пијалоци, бродоградежништво итн. Последните години стопанството на Аалборг се повеќе се потпира на работењето и во нудењето на квалитетни услуги. Исто така, постоењето на големиот и значаен универзитет допринесува многу до градската благосостојба.

Знаменитости на градот[уреди]

Аалборг има сочувано старо градско подрачје. Средновековни градби се катедрали и болници од 15 век.

Галерија[уреди]

Надворешни врски[уреди]