Џули и Џулија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Џули и Џулија (Julie & Julia)“
Julie and julia ver2.jpg
Официјален постер
Режирано од Нора Ефрон
Продуцент Нора Ефрон
Сценарист Сценарио: Нора Ефрон
Книга: Џули Пол
Настапуваат Мерил Стрип
Ејми Адамс
Стенли Тучи
Музика Александре Десплат
Дистрибутер Columbia Pictures
Премиера 30 јули 2009
7 август 2009
Времетраење 123 мин.
Држава Flag of the United States.svg САД
Јазик англиски
Буџет $40,000,000
Бруто заработка $117,913,384[1]

Џули и Џулија (англиски: Julie & Julia) е американски драма комедијафилм од 2009 год. Филмот е напишан и режиран од Нора Ефрон. Филмот е заснован на вистинските факти од животот на готвачката Џулија Чајлд во почетните години од нејзината кулинарска кариера, и животот на Џули Пол, која си дава до знаење дека мора да ги подготви сите 524 рецепти од кулинарската книга на Чајлд за време од една година.

Сценариото на Ефрон е адаптација на две книги: Мојот живот во Франција, автобиографијата на Џулија Чајлд, и мемоарите од Џули Пол. Во август 2002, Пол започнува да ги пишува на интернет нејзините дневни случувања околу готвењето на 524те рецепти од Џулија. Интересно е тоа што ова е прв филм базиран врз основа на еден блог т.е блогот кој го водела самата Џули Пол.[2]

Ефрон започна да го снима филмот во март 2008. Мерил Стрип се појавува во улогата на Џулија Чајлд, додека пак младата актерка Ејми Адамс во улогата на Џули Пол. Филмот својата премиера ја доживеа на 30 јули 2009 година.

Кратка содржина[уреди]

Џулија е жената која засекогаш им го промени начинот на кои Американците готват. Но, во 1948. Џулија Чајлд (Мерил Стрип) беше само една обична Американка која живеела во Франција. Работата на нејзиниот маж и двајцата ги одведе во Париз, а таа заради својот неуморен и нескротлив дух, посака нешто да работи. Педесет години подоцна, Џули Пол (Ејми Адамс) чувствува дека пропаѓа. Ѝ се ближи триесетиот роденден, живее во Квинс и работи бесперспективна работа додека сите нејзини пријателки постигнуваат забележителни успеси во животот. Џули смислува наизглед непресметлив план да ја пренасочи својата енергија; таа одлучува да помине точно една година подготвувајќи ги сите 524 рецепти од готвачот на Џулија Чајлд „Совладување на уметноста на француската кујна“ - и секако покрај тоа таа ќе води интернет дневник (блог) за своите искуства.

Улоги[уреди]

Награди и номинации[уреди]

Златен Глобус 2010[уреди]

  • Најдобар филм (комедија/мјузикл) номинација
  • Најдобра актерка во комедија/мјузикл (Мерил Стрип) НАГРАДА

Белешки[уреди]

Надворешни врски[уреди]