Џузепе Пагано

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џузепе Пагано
Роден(а) 1896
Паренцо, Австро-Унгарија
Починал(а) 22 април 1945
Маутхаузен-Гусен, Австрија, Нацистичка Германија
Националност Италијанец

Џузепе Пагано (италијански: Giuseppe Pagano ) бил италијански архитект, познат по неговата вклученост во движењето за рационалистичка архитектура во Италија сè до крајот на Втората светска војна.

Џузепе Погачниг бил роден во Пореч, Хрватска (тогашно Паренцо, во склоп на Австро-Унгарија). По посетувањето на лицејот за италијански јазик во Трст, пребегнал и се приклучил на италијанската војска на почетокот од Првата светска војна, сменувајќи го своето презиме во Пагано. Двапати бил ранет и двапати бил фатен од странските војски. Во годините веднаш по војната, Пагано се вклучил во националистичките кругови и пред-фашистичката политика, и бил основач на првата фашистичка партија во неговиот роден град, Паренцо.

Во 1924, Пагано дипломирал на Политехничкиот универзитет во Торино, со диплома по архитектура. Во доцните 20ти, ги проектирал неговите први згради, меѓу кои и деловните простории на Гвалино во Торино (1928), а исто така учествувал на изложби во Торино, и набрзо во Милано. Во 1931, се преселил во Милано за да работи за архитектонското списание La Casa Bella.

Од касните 20ти, Пагано завземал рационалистичка позиција, под влијание на футуризмот и европската авангарда. Имал значајна кариера како писател и бранител на рационалистичката архитектура во печатот, особено во Casabella, списанието чие име го сменил во 1933 (од La Casa Bella), кога станал ко-уредник со Едоардо Персико. Бил вклучен во V Триенале во Милано во 1933, во кое соработувал во проектирањето на "Куќата со челична структура"; во аеронаутичкото шоу во 1934 за чие дизајнирање бил одговорен; како и VI Триенале во 1936, кое го режирал заедно со сликарот Марио Сирони. Сите три изложби биле одржани во Palazzo dell'Arte на Џовани Муцио, во Parco Sempione, изграден за V Триенале, првпат одржано во Милано. Исто така, бил истакнат фотограф и често ги објавувал своите фотографии во Casabella користејќи да ја зајакне својата критика за тогашната архитектура.

Иако отпочеток активен член на италијанската Фашистичка партија, од средината на 30тите, архитектонската философија на Пагано го носела сè подалеку и подалеку од фашистичкиот режим, и неговото VI Триенале, во основа, предложило алтернативен архитектонски израз на фашизмот. Пагано се спротиставувал на монументалната "репрезентативна архитектура" на рационалистите од Gruppo 7; а особено со обидот на оваа група во 1931 да повлече равенство меѓу нивната архитектура и италијанскиот фашизам и да ја направи официјална државна архитектура.[1]. Во 1937 соработувал со режимскиот архитект Марчело Пјачентини за ентериерот на италијанскиот павилјон за Светската изложба во Париз, а исто така работел во организацијата на Светската изложба во Рим во 1942, која никогаш не била одржана.

Позицијата на Пагано во Фашистичката партија и престижот меѓу архитектите, како и диверзитетот на културната продукција за време на фашизмот на Мусолини, му овозможило од страниците на Casabella отворено да ги критикува некои од режимските градби како "бомбастично реторични". Во 1942, Пагано ја напуштил Scuola di Mistica и Фашистичката Партија. Во 1943 контактирал со членови на отпорот, бил фатен во ноември 1943 и затворен во Бреша, од каде што побегнал во јули 1944. Пофторно бил фатен во септември 1944 во Милано, затворен во Villa Triste и измачуван. Подоцна бил преместен во затворот во Сан Виторе, па во Болцано, а потоа во концентрациониот логор Маутхаузен-Гусен, па во Мелк, и потоа пак во Маутхаузен.[2]

Пагано умрел во концентрациониот логор Маутхаузен во Австрија на 22 април 1945.

Наводи[уреди]

  1. Richard A. Etlin, Modernism in Italian Architecture, 1890-1940. MIT Press, 1991, p.234
  2. Albert Bassi & Laura Castagno, Giuseppe Pagano, Editori Laterza, Rome, 1994.