Џош Фаро

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Josh Farro Џош Фаро

Фаро изведува со Paramore на Warped Tour во 2007.
Биографски податоци
Родено име Џошуа Нил Фаро
Роден(а) септември 29 1987 (1987-09-29) (26 г.)
Вурхис, Њу Џерси, САД
Жанрови Алтернативен рок, поп панк, инди рок, емо
Занимања Музичар, гитарист, текстописец
Инструменти Гитара, вокали, викање, бас, виолина, Тапани
Период на активност 2004–сега
Соработници Novel American, Paramore
Значајни инструменти
Custom Fender Thinline Telecaster
Fender Telecaster Deluxe
Fender Stratocaster
Fender Jazzmaster
Epiphone Les Paul
Taylor Acoustic Guitars

Џошуа Нил Фаро (анг.Joshua Neil Farro; 29 септември 1987) е американски гитарист и текстописец, а е моментален член на бендот Novel American. Тој е најпознат како водечки гитарист и пратечки вокал на алтернативниот рок бенд Paramore.

Paramore[уреди]

Фаро е еден од основачите и гитарист на бендот Paramore и е присутен во бендот од 2004 година до 2010. Тој бил пратечки вокал, а исто така учествувал и во пишувањето на повеќето од песните, заедно со Хејли Вилијамс и Тејлор Јорк. На 18 декември 2010 година, на официјалната страна на бендот било изјавено дека Џош Фаро и неговиот брат Зек Фаро го напуштиле бендот.

Приватен живот[уреди]

Фаро е роден во Вурхис, Њу Џерси, на 29 септември, 1987 година. Тој е вториот најстар брат од неговите браќа. Фаро е три четвртини италијанец. Тој самиот се научил да свири на гитара кога имал 13 години.[1] Фаро и Хејли Вилијамс во 2010 кажале дека од 2004 до 2007 година тие биле во врска, но ја прекинале врската бидејќи мислеле дека сите во бендот Paramore повеќе ќе се концентрираат на нивната врска отколку на бендот. На 3 април Фаро се оженил со неговата свршеничка Џена Рис во Тенеси.

Novel American[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Novel American.

На 2 февруари 2011 година Фаро направил профил на Твитер за неговиот нов бенд, Novel American.[2] [3] Бендот ги вклучува и неговите пријатели од средно училиште Вен Бисли, Тајлер Вард и Рајан Кларк. За разлика отколку во бендот Paramore, Фаро во новиот бенд ќе свири само на гитара, кажувајќи "Јас никогаш не сакав да пеам. Мојот глас — и ова не е лажно понижување — едноставно не е толку добар".

Фаро ја споредил музиката на неговиот нов бенд со музиката на бендовите Radiohead, Jimmy Eat World, Sigur Rós и Explosions in the Sky.

Музички влијанија[уреди]

Музичко влијание на Фаро имале Jimmy Eat World, Incubus, Underoath, Sunny Day Real Estate, Death Cab for Cutie, Џон Мајер, Џејмс Тејлор и Mew.

Останати проекти[уреди]

Џон има снимано и неиздадени соло песни со Зек Фаро и Хејли Вилијамс. Тие песни се:

  • "Plane Crash Dreams" со Џејли Вилијамс[4]
  • "I Had a Revelation" [5]
  • "So Much More" [6]
  • "Worry" [7]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]