Список на ликови од Вовед во анатомија

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Џорџ О‘Мали)

Следува список на ликови од серијата Вовед во анатомија.

Главни улоги[уреди | уреди извор]

Мередит Греј[уреди | уреди извор]

Кристина Јанг[уреди | уреди извор]

Алекс Карев[уреди | уреди извор]

Миранда Бејли[уреди | уреди извор]

Дерек Шепард[уреди | уреди извор]

Ричард Вебер[уреди | уреди извор]

Кели Торес[уреди | уреди извор]

Аризона Робинс[уреди | уреди извор]

Џексон Ејвери[уреди | уреди извор]

Ејприл Кепнер[уреди | уреди извор]

Поранешни главни ликови[уреди | уреди извор]

Престон Бурк[уреди | уреди извор]

Исаија Вашингтон во улогата на Престон Бурк.

Престон Ксавиер Бурк (англиски: Preston Xavier Burke), толкуван од Исаија Вашингтон, е еден од водечките ликови во серијата за време на првите три сезони. Шонда Рајмс, барајќи глумец кој ќе ја исполни студената и дисциплинирана природа на Престон Бурк, најпрвин избрала белец со руса коса.[1] Во меѓувреме глумецот Исаија Вашингтон бил избран за улогата на Дерек Шепард.[1] Но, во последен момент неименуваниот глумец ја оставил улогата на Бурк, а Исаија изразил желба да ја преземе, додека улогата на Шепард припаднала на Патрик Демпси. Иако улогата на белец припаднала на црнец, Шонда била задоволна поради својата визија за расно-разновидна глумечка екипа. Но, вистинскиот доказ дека Исаија е соодветен за улогата на Бурк бил кога Шонда ја забележала неговата преданост кон неа. Во едно интервју таа изјавува дека тој ги изучувал сите хируршки зафати пред снимањето, велејќи: „Мислам дека ако види некоја несреќа на улица, Исаија ќе знае точно што да направи. Работи во болница по цели 48 часа следејќи хирурзи додека работат“.[2]

Претставен како студен и недопирлив, Престон Бурк е шеф на одделот за кардиоторакална хирургија во Сиетл Грејс. Неговата „понежна“ страна излегува на виделина кога стапува во, оттпрвин сексуална, а подоцна и љубовна врска со младиот стажист Кристина Јанг. Поради својата „недопирливост“ има чисто професионален однос со останатите стажисти. Иако, во текот на серијата развива одлична менторска врска со младиот Џорџ О‘Мали. Бурк покажува висока амбиција и посветеност кон работа, што е видливо во неговото соперништво со Дерек Шепард, кога се борат за местото шеф на хирургија, но и во неговата врска со Ерика Хан, пријателка од факултетските денови и хирург од иста област. По примен куршум Бурк покажува знаци на тремор во десната рака што доведува до низа промени во неговите односи. Најпрвин врската со Јанг кулминира во свршувачка и планови за брак, потоа дозволува да биде опериран од страна на Дерек, а неговото место на кардиоторакална хирургија го препушта на неговата соперничка Ерика Хан. По закрепнувањето со Кристина решаваат конечно да стапат во брак, но решава да ја напушти на самата свадба. Бурк повеќе не е виден, освен на една фотографија во весник на кој наидува Кристина, дознавајќи дека Бурк продолжил со својот живот во друга болница и е добитник на престижна награда во областа на медицината.

Имено, заминувањето на ликот на Бурк од серијата е поврзан со задкулисни неспоразуми. За време на едно од снимањата, Вашингтон употребил хомофобичен збор во караница со Т.Р. Најт. Иако ги негирал обвинувањата, на 7 јуни, 2007, ABC најавуваат дека договорот со Вашингтон нема да биде обновен, со што е отпуштен од серијата. Реакцијата и одговорот на Вашингтон во една изјава беше: „Премногу сум изнервиран, премногу, и нема веќе да го трпам ова“[3] Додавајќи: „Морам да си го исчистам името. Ќе почнам од почеток. Ќе кажам сè. Затоа еве ја вистината... го употребив зборот за време на едно несогласување со Патрик Демпси, но потоа се извинив за тоа, се ракувавме и се вративме на работа како ништо да не било“. На крајот заклучува дека Т.Р. Најт свртил внимание кон навидум безначајниот настан за своја сопствена корист. Вашингтон вети преземање на правни мерки против Најт, но оттогаш никакви парници не беа отпочнати.[4] Исаија тврди дека не е лут туку „тажен“ поради сè што се има случено. Всушност има изјавено дека би прифатил доколку би му било понудено враќање, барем во форма на гостинска улога.[5]

Изи Стивенс[уреди | уреди извор]

Џорџ О‘Мали[уреди | уреди извор]

Адисон Монтгомери[уреди | уреди извор]

Ерика Хан[уреди | уреди извор]

Ерика Хан (англиски: Erica Hahn) е толкувана од глумицата Брук Смит. Значната како мал лик кон крајот на втората сезона, ликот подоцна прераснува во еден од централните. По неколку последователни гостувања во третата сезона, Смит не се надевала на долготрајно останување, изјавувајќи: „После секое гостување, се надевав дека ќе ме повикаат назад, а истовремено се надевав и дека нема да се јават – слично како кога не бев во врска.“[6] Како и да е, проследувајќи го заминувањето на Вашингтон од серијата, Хан го „пополнува“ местото на Бурк, заменувајќи го како глава на кардиоторакална хирургија и служејќи како ментор на Кристина. Смит има кажано дека не очекувала да нејзиниот лик се врати во серијата и тоа за подолго, бидејќи „не сакала да се разочара ако тоа на крајот не се случи.“[7] Таа наведува дека одлучувачки фактор за нејзиното враќање била можноста длабински да го истражи ликот, објаснувајќи: „Кога работам на нешто што има почеток, средина и крај, можам да создадам приказна. Со д-р Хан, имам можност навистина да ја осознаам како лик“.[8] Смит набљудувала како се изведува операција на срце и стапила во контакт со хируршките медицински сестри вработени од продуцентите на Вовед во анатомија со цел задржување на чувството на реалност во операционата сала на серијата. Смит стравувала поради нејзиното мало познавање на хирургијата: „Бев многу нервозна поради тоа што немав заврешно медицинско училиште. Дека всушност не сум доктор“,[6] додавајќи: „Немам никаква претстава како е да се биде хирург, а сепак морам да глумам исклучително добар доктор.[8] Односно, да изгледам како да сум работела во болница со години“.[6]

Ликот е претставен како високо професионален, арогантен и „работозависник“.[7] Таа е особено сурова кон младата Кристина Јанг (Сандра О), признавајќи дека Кристина ја потсетува на себеси како студент. Ги одбива додворувањата на пластичниот хирург Марк Слоун (Ерик Дејн), претпочитувајќи да ги држи својот приватен и професионален живот одделно. Наспроти ова, кон крајот на четвртата сезона од серијата, таа влегува во врска со ортопедот Кели Торес (Сара Рамирес). Врската помеѓу Хан и Торес предизвика контроверзност во јавноста и помеѓу критичарите. Поддржана од здруженија на хомосексуалци од една страна, многумина ја имаат и критикувано. Имајќи играно лезбијка во театарска претстава, заедно со Сандра О, која ја игра Кристина Јанг во серијата, двете и понудиле на Шонда да се обидат да воведат приказна во која таа и Јанг се во врска. Шонда ја разгледала идејата и ја вовела врската со Хан и Торес, оставајќи ја Кристина во чисто менторски однос со Хан.

Ерика беше отпуштена од Вовед во анатомија во ноември 2008. Смит искоментира дека одлуката е повеќе на телевизиската мрежа ABC, отколку на создавачот на серијата Шонда Рајмс. Некои медиумски страници како After Ellen и E! Online изјавија дека заминувањето на Ерика од серијата била одлука на самата мрежа за да се намали хомосексуалноста во серијата, кое Шонда го критикуваше велејќи: „Брук Смит очигледно не беше отпуштена затоа што играше лезбијка. [...] За жал, сметавме дека магијата и хемијата во ликот на Брук нема да траеа долго.“[9]

Теди Алтман[уреди | уреди извор]

Лекси Греј[уреди | уреди извор]

Марк Слоун[уреди | уреди извор]

Споредни улоги[уреди | уреди извор]

Медицински персонал[уреди | уреди извор]

  • Медицинска сестра Оливија Харпер: (Сара Утербек) Оливија е медицинска сестра во болницата. Во првата сезона Оливија се појавува во последните неколку епизоди со што започнува врска со Џорџ. Нивната врска е обична сексуална врска но искреноста на Џорџ придонесува и мала љубовна искра. Нивната врска е одлична додека Џорџ не дознае дека има сифилис. На почетокот таа го лаже дека таа не спиела со никој друг додека била со него и дека не знаела дека има сифилис. На крајот Оливија се убедува да признае и му признава на Џорџ дека токму пред да стапат во врска таа спиела со Алекс. И кога видела дека Џорџ е искрен пред неа таа му раскинала на Алекс. Со ова доаѓа крај на нивната врска и предизвикува тепачка помеѓу Алекс и Џорџ. Оливија не се чувствува повредено но сепак го сожалува Џорџ бидејќи го лажела. По ова Џорџ продолжува да се однесува кон неа добро и заборава на нивната мала врска. Во втората сезона таа работи со Џорџ на еден случај каде покажува дека е љубоморна на Мередит и дека отсекогаш се забележувало дека тој ја сака на Мередит. Оливија во близина на Џорџ не може да си ја заврши работата. Но кога Џорџ конечно признава за Мередит таа се потсмирува. Кратко по ова, Алекс започнува врска со Изи. Со која Алекс дознава дека е импотентен. За да ја победи импотенцијата тој спие со Оливија. За време на една важна операција Алекс не се појавува и Изи барајќи го, го фаќа како спие со Оливија. Женските стажистки обично и се обраќаат со навредливиот прекар "Сестра Сифилис". Што и не ја нервира на Оливија. Оливија исто така учествува и во штрајкот на медицинските сестри за поголеми плати каде го замолува Џорџ за помош. Оливија ја гледаме често во епизодите но како обична сестра која помага на персоналот.
  • Медицински брат Тајлер: (Мо Ирвин) Тајлер е вработен во Сиетл Грејс како медицински брат. Тајлер можеме да го забележиме многупати во серијата како помага на персоналот но нема никаква улога во серијата. Тајлер беше активен член на штрајкот на медицинските сестри.
  • Патриша: (Робин Пирсон Роус) Патриша е постара жена која работи во болницата. Таа е асистентка на д-р Ричард Вебер. Таа нема никаква улога во серијата но сепак е присутна речиси во секоја епизода се од првата сезона.
  • Д-р. Сидни Херон: (Кали Рока) Резидент за општа хирургија во Сиетл Грејс, позната по нејзиниот чуден карактер. Таа беше замена за Бејли кога Бејли отиде на породилно. Во меѓувреме Кристина се вмеша во една операција карајќи се со Сидни. Ова доведува до мал конфликт помеѓу Бурк и Јанг. Сидни се покажува како добар доктор иако со чуден карактер. Од третата сезона нејзината улога се зголемува. Кога Изи се враќа во болницата, Сидни е поставена како нејзин консултат. Но бидејќи Изи не може да ја поднесе постојано ја избегнува. Кога Сидни конечно ќе ја најде Изи на само, веднаш ја прашува за Дени, Изи лута и се развикува и и кажува дека цело време ја одбегнувала бидејќи не може да ја поднесе. Сидни се налутува и и ја раскажува причината зошто е таква. Кога Сидни била стажистка била задолжена за мало момче со кое се зближила но поради Сидни тоа подоцна умрело. Сидни доживеала нервен погодок и паднала во депресија. Кога се вратила на работа морала да најде начин да ја покрие болката и затоа е со таков карактер, по ова Изи ја раскажува нејзината случка со Дени и Сидни останува нејзин консулт/психијатар со додека и е потребна. Во третата сезона нејзината улога уште повеќе ќе се зголеми а во четвртата ќе почне да излегува и со Дерек.

Семејства[уреди | уреди извор]

Семејството на Мередит:

  • Елис Греј: (Кејт Бјуртон) Елис е мајката на хируршкиот стажист д-р Мередит Греј и е бивши хирург. За време на нејзиното стажанство, таа имала афера со сегашниот шеф на хирургија во Сиетл Грејс, д-р Ричард Вебер. Пред околу 30 години таа била венчана со Тачер Греј, кој го напуштил семејството кога Мередит била сѐ уште многу млада, делумно поради аферата на Елис. По нејзиниот развод и раскинување со Ричард, Елис се преселува со Мередит за да работи во Бостон Генерал. Таа боледува од Алцајмерова болест. Мередит ја сместува во дом. Ова се открива во првата епизода во првата сезона. Таа е еднаш примена во болницата во втората сезона но потоа вратена во домот. Додека е во болницата таа мисли дека Џорџ е Тачер нејзиниот сопруг. Дерек ја убедува Мередит да ја пушти мајка и во програмата за испитување на Алцајмеровата болест. Ричард почнува да ја посетува Елис во втората сезона.
  • Тачер Греј: (Џеф Пери) Тачер е таткото на Мередит и поранешен сопруг на Елис. Тие биле венчани околу 7 години пред Елис да ја започне аферата со Ричард Вебер. Откако се развел од Елис и ја оставил Мередит сама со Елис поминале 20 години а тој не ни ја погледнал Мередит ниту се обидел да ја побара. Мередит првпат го гледа Тачер по 20 години кога таа му доаѓа на врата и го прашува зошто ги оставил, а тој ладно и одговата „Мередит ти треба ли нешто од мене“. Мередит лута си заминува. Тачер започнува брак и се открива дека има две ќерки Моли и Лекси кога Моли беше примена во болницата.
  • Сузан Греј:(Мари Винингам) е втората жена на Тачер и „маќеа“ на Мередит. Таа никогаш немала ништо против Мередит. Таа е заедно со Моли кога Моли е примена во болницата.
  • Моли Греј Томпсон: (Менди Сајгрифрајд) Моли е 22 годишна жена и полу - сестра на Мередит Греј.
  • Лекси Греј

Семејството на Кристина:

  • Хелен Рубенстајн: (Тсаи Чин) Мајката на Кристина Јанг. Хелен се премажила со д-р Сол Рубенстајн, кој е орален хирург, кога Кристина имала три години. Таткото на Кристина подоцна умрел кога таа имала 9 години.

Семејството на д-р Вебер:

  • Адел Вебер: (Лорета Девин) Директната и искрена жена на д-р Вебер. Адел е многу чудна, добра и најважно од се директна жена. Таа знае да се „мотка“ во болницата и знае да дојде кај нејзиниот маж на работа иако тоа е многу ретко. Секогаш средена и отворена. Адел е еден од најинтересните ликови во оваа серија. Кога Ричард има операција на мозокот во првата сезона Адел доаѓа да го посети откако операцијата е завршена во втората сезона. Таа е лута што дури тогаш ја известиле но бргу се смирува. Адел тајно во еден разговор изјавува дека кога слушнала дека Ричард е болен за првпат почувствувала радост дека нејзиниот маж конечно ќе се смири и ќе се пензионира и дека конечно ќе може да резервира одмор за двајца. Таа секогаш вели дека ќе го поддржува мажот и без разлика на се. Кога е во болницата на кратки посети често знае да даде совети на луѓето на кој им се потребни. За време на бомбата во болницата таа доаѓа уште позагрижена за Ричард и го изненадува дека секогаш има свежи информации што се случува во болницата како на пример дека по бомбата Дерек беше загрижен за Мередит а не за Адисон како што Ричард мисли. Адел е блиска со Адисон и секогаш разговараат за работи кои ги мачат. Кога Камил нејзината внука е примена во болницата Адел доаѓа и сака да скрие од Ричард дека Камил тогаш ја изгубила невиноста. Адел приредува комична ситуација во болницата иако во исто време стажистите се кријат во собата на Дени Дукет и го прават тоа што никој не го очекува. Откако Адел ќе го убеди Ричард да приредат матурска вечер за Камил таа ќе му признае на Ричард дека отсекогаш знаела за аферата на Ричард и Елис но никогаш не му кажала. Ричард се шокира. Уште многу ситуации за Адел ќе се случат во третата сезона а со почетокот на петтата се дискутира дали Лорета Девин која ја глуми Адел стане главна улога во серијата но ова не е потврдено поради обврските на Лорета сега со новата серија во која таа е главна улога.

Семејството на Џорџ:

  • Харолд О'Мали: (Џорџ Џунџа) Таткото на Џорџ O'Мали и неговите браќа Рони и Џери. Харолд е возач на камион со страст кон старомодните автомобили. Тој е омажен со неговата жена Лоис веќе 40 години, и се гордее со сите три сина за тоа што постигнале во животот. Освен што ги има носено своите синови секој ден на благодарноста на лов на мисирки, Харолд ги има носено момците многу често на кампување за време на нивното детство. Харолд отсекогаш бил старомоден тип на човек и затоа така ги воспитувал и синовите. Иако Рони и Џери се сосем поразлични од Џорџ тој се гордее со нив исто колку и со Џорџ. Кога Рони и Џери го застрелаа Харолд во задникот за време на денот на благодарноста Харолд му одржува мала лекција на Џорџ кој отсекогаш по малку се срамел од семејството.
  • Лоис О'Мали: (Дебра Монк) Лоис е омажена со Харолд 40 години и тие имаат три сина: Џери (Грег Питс), Рони (Тим Грифин) и Џорџ. Лоис е наставничка и предана мајка и сопруга.

Останати[уреди | уреди извор]

  • Џо барменот: (Стивен Б. Бејли) Сопственикот на Емарлд барот кој се наоѓа спроти болницата. Неговиот бар е многу важен дел од историјата за Вовед во анатомија. Сите ликови имаат „Џои приказна“. Што се мисли дека сите ликови првиот ден во Сиетл или пред да се вработат во болницата го поминувале таму. Местото каде Мередит го запознава Дерек, каде Алекс и Изи преминуваат во врска поради страствениот бакнеж на Алекс и др. Изи, Џорџ, Мередит и Кристина слободното време го поминуваат во овој бар. Алекс откако се вселил во Сиетл секој ден го поминувал во барот. Дерек и Бурк имаат извршено „ладна операција“ на мозокот на Џои. Џпи и неговото момче Валтер (Џек Јенг) присуствуваа на вечерата кој Изи ја приреди за денот на благодарноста во куќата на Мередит.
  • Д-р Фин Дендриџ: (Крис О‘Донел). Бившиот ветринар на кучето на Мередит, Дерек и Адисон, Док. Тој исто така станува и љубовен интерес на Мередит подолго време откако раскина со Дерек. Неговата жена, Лиз има умрено во сообраќајка. Стажистите му го даваат прекарот „Д-р Ветринар (Dr. McVet)“, според прекарот на Дерек, „Д-р Сон (Dr. McDreamy)“. Тој започнува врска со Мередит при крајот на втората сезона и почетокот на третата. Мередит го запознава Фин и сè повеќе почнува да ја привлекува. Кога Фин ќе го направи првиот чекор и ќе ја покани на состанок Мередит одбива но подоцна прифаќа но поради итен случај Фин мора да го откаже состанокот, Мередит го убедува да оди со него на тој „итен случај“. Тие стигнуваат во една штала и Фин пораѓа женски коњ. Мередит е воодушевена и решава да започне врска со него. Фин е интересен, забавен, интелигентен, одговорен и многу грижлив. Сите овие особини ја привлекуваат на Мередит. За време на матурската Фин и кажува на Мередит дека има планови за во иднина и се надева дека тие ќе се исполнат. Мередит со ова станува уште посигурна во нивната врска. Но кога ќе го види Дерек како танцува со Адисон оди и спие со него во болницата за време на матурската. Ова се случува на крајот на втората сезона. Оваа сезона завршува како Мередит стои помеѓу него и Дерек и не може да се одлучи со кого ќе остане. Во третата сезона сите се во куќата на Мередит и ја тешат Изи, во тој момент доаѓа Кели која е единствената која знае за сексот помеѓу Мередит и Дерек. Мередит ја прима Кели во куќата и оди кај Изи но во тој момент доаѓа и Фин. Мередит го прима и Фин во куќата но му вели дека мора да остане со Изи. Фин и Кели започнуваат разговор во кој Кели му го објаснува однесувањето на Мередит. По ова Дерек и кажува на Мередит дека дефинитивно се разведува од Адисон. Мередит е решена да раскине со Фин сè додека не го фати Фин како и носи скришно храна на повредената Изи. Со ова Мередит сфаќа дека Фин е многу грижлив човек и решава да се гледа и со Дерек и со Фин. Таа им кажува дека ќе почне да излегува и со двајцата но без секс и бакнување. Почнува соперништво помеѓу двајцата и двајцата и приредуваат се позабавни состаноци. Кога Мередит ќе оди на операција на слепото црево таа е привремено под морфиум. Во таа состојба ја кажува вистината на сите во лице. Дерек тогаш сфаќа дека Фин е вистинскиот маж за Мередит и и вели на Мередит дека се откажува од играта со излегувањето и дека ја препушта на Фин. Со ова Мередит сфаќа дека го сака повеќе Дерек и му раскинува на Фин. Иако Мередит мислеше дека Фин е „оној вистинскиот“, сфаќа дека Фин е добро и идеално момче но тој не е „нејзиниот оној вистинскиот“. Кога Мередит ќе му го каже ова тој само ќе и возврати: Тој ќе ти го скрши срцето повторно, и кога ќе го направи тоа јас нема да бидам таму за тебе. И ја напушта просторијата за последен пат.

Мртви ликови[уреди | уреди извор]

  • Дени Дукет Џуниор: (Џефри Дин Морган) Дени првпат во серијата се појавува во втората сезона во епизодата „Begin the Begin“, надевајќи се дека ќе добие срце бидејќи е на врвот на листата за кандидати. Тој брзо си заминува од болницата кога ќе види дека нема да добие срце, но пред тоа ќе почне да флертува по малку со Изи. Тој почнува да ја прашува приватни прашања, како на пример дали излегува со Алекс Карев и кога таа му кажува дека не излегува, тој и дава причини зошто би требала да излезе со него, наместо со Алекс. Дени се враќа во болницата неколку епизоди подоцна, што доведува да Изи раскине со тогашното нејзино момче, Алекс. Откако Дени е примен во болницата, тој и Изи секој ден сè повеќе се зближуваат. Изи го поминува поголемиот дел од нејзиниото време со Дени, и кога е на должност и кога не е. Подоцна во втората сезона, се појавува една шанса за Дени да добие срце од еден пациент од болницата Мерси Вест. Како и да е, бидејќи имаше два кандидати за истото срце, Престон Бурк, тогашната глава на кардиоторакална хирургија во Сиетл Грејс, дознава дека Дени е 17 секунди зад другата личност на листата. За да биде сигурна дека Дени ќе го добие срцето, Изи ја сече неговата LVAD жица надевајќи се дека со тоа неговата состојба ќе се влоши и ќе мора да го добие срцето, но Бурк е застрелан на пат до болницата. Среде целава ситуација Дени се буди од кома и и предложува брак на Изи и таа прифаќа. Дени го добива срцето бидејќи состојбата му се влошува, по што Изи му дава шанса да ја повлече назад понудата за брак, бидејќи како што рече Изи „ти мислеше дека умираш и јас бев таа што те спасував, затоа...“ но Дени и кажува дека неговата можна смрт не била причината поради која и понудил брак. Тој и кажува дека тој конечно има избор и одбира Изи да му стане жена бидејќи е заљубен во неа. За жал Дени умира брзо по неговата понуда поради настанати компликации со новото срце. Изи не знаеше додека тој беше жив, но Дени всушност бил билионер. Неколку епизоди подоцна, таа дознава дека тој и оставил 8.7 милиони долари. Изи слуша една порака што тој ја оставил на телефонската секретарка на неговите родители, со што им кажал „качете се на првиот авион за Сиетл и дојдете да ја запознаете мојата девојка, прекрасната, талентирана и неверојатно тврдоглава д-р Изабел Стивенс, која ми носи ново срце и прифати да се венча со мене."

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Fogel, Matthew (8 мај 2005). 'Grey's Anatomy' Goes Colorblind“. New York Times. Arthur Ochs Sulzberger, Jr. Посетено на May 8, 2009.
  2. „Oprah Winfrey talks to Shonda Rhimes“.
  3. „Washington Out of `Grey's Anatomy'. The Washington Post. 2007-06-08. Посетено на 2007-06-08.
  4. „edmontonsun.com - Other Entertainment - Grey's star sees red over firing“. Архивирано од изворникот на 2008-12-17. Посетено на 2012-08-14.
  5. „WASHINGTON: 'I'D CONSIDER A GREY'S ANATOMY CAMEO'. Архивирано од изворникот на 2010-05-26. Посетено на 2012-08-14.
  6. 6,0 6,1 6,2 Sicha, Choire (2007-10-28). „Dr. Hahn, you are wanted in surgery“. Los Angeles Times. Посетено на 2008-06-30.
  7. 7,0 7,1 Ausiello, Michael (2007-10-25). „Grey's Doc is Staying! Now for the Big Question...“. TV Guide. Архивирано од изворникот на 2008-05-26. Посетено на 2008-06-30.
  8. 8,0 8,1 Claustro, Lisa (2007-12-13). „Smith "Didn't Really Think" Grey's Anatomy Stint Would "Work Out". The Daily News. Посетено на 2008-06-30.
  9. Ausiello, Michael (2008-11-03). „Grey's Anatomy Discharges Erica Hahn“. Entertainment Weekly. Посетено на 2008-11-03.