Џон О'Шеи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Џон О'Шеи
John O'Shea
Manchester - Old Trafford - Manchester United vs Crawley Town.jpg
Лични податоци
Роден на 30 април 1981 (1981-04-30) (32 г.)
Роден во Ватерфорд, Ирска
Висина &100000000000001900000001,90 м
Положба десен бек
Клупски податоци
Сегашен клуб Сандерленд Сандерленд
Број 16
Младинска кариера
Манчестер Јунајтед
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1999 Манчестер Јунајтед 256 (10)
2000 Бурнемаут (позајмен) 10 (1)
2001 Антверпен (позајмен) 14 (0)
2011 Сандерленд 28 (0)
Репрезентација
2001- Ирска 79 (1)
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 26 јули 2012.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 17 јануари 2012

Џон Френсис О'Шеи (роден на 30 април 1981 година) е ирски професионален фудбалер, кој во моментов игра во одбраната на англискиот премиерлигашки тим Сандерленд и Националниот тим на Република Ирска. Неговата сила е неговата флексибилност во играта, тој може да игра на неколку позиции на десната, на левата страна и во центаралниот дел од теренот.

О'Шеи го направи своето деби во селекцијата на Република Ирска во 2001 година против Хрватска и оттогаш има направено преку 70 настапи за неговата земја, постигнувајќи еден гол во 2003 година против Австралија. Тој беше дел од тимот што на контроверзен начин го загуби плеј-офот за пласман на 2010 ФИФА Светско Првенство од селекцијата на Франција и продолжи да игра во репрезентативниот тим и настапи на Евро 2012.

Роден во Ватерфорд, О'Шеи му се приклучи на Манчестер Јунајтед кога имал 17 години. Тој помина период на заем во англискиот нисколигаш Бурнемаут и белгискиот Ројал Антверпен пред да се утврди во првиот тим на Манчестер Јунајтед, каде направи речиси 400 настапи во сите натпреварувања за период од над 10 години. Со Манчестер Јунајтед О'Шеи освои све што можеше во неговиот престој таму: пет титули во Премиер лигата, една во ФА Купот, три Лига купа, Лигата на Шампионите во 2008-мата година и Светското клупско првенство. Тој му се приклучи на Сандерленд во јули 2011 година.

Титули[уреди]

Англија Манчестер Јунајтед[уреди]

Премиер лига  : 2002-03, 2006-07, 2007-08, 2008-09, 2010-11

ФА Куп : 2003-04

Лига куп : 2005-06, 2008-09, 2009-10

ФА Комјунити Шилд : 2003, 2007, 2008, 2010

Лига на шампиони : 2007-08

ФИФА Светско клупско првенство : 2008


Надворешни врски[уреди]